ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Собранието изгласа законски измени за мерката „Викенд без ДДВ“

October 9, 2020 14:01
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска во рамки на продолжението на 15. седница со 71 глас „за“, девет воздражни и без ниту еден против го донесе Законот за изменување и дополнувањe на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, по скратена постапка.

Со изгласаните законски измени се овозможува да се реализира мерката „Викенд без ДДВ“, дел од најавените антикризни мерки на Владата поради ковид пандемијата.

Пратениците од СДСМ сметаат дека се работи за проект од интерес на граѓаните и вчера повикаа сите пратеници да го поддржат. Проектот „Викенд без ДДВ“, според владејачкото мнозинство, ќе значи пари назад на сметките на граѓаните, поддршка на приватната потрошувачка и зајакнување на домашниот буџет.

Опозицијата, пак, оцени дека законот е напишан набрзина и оти има задоцнетост во неговата примена. Сметаат дека граѓаните нема да имаат никаква корист и забалежуваат дека проектот е наменет само за тие кои имаат „паметни телефони“ и се корисници на апликацијата „Мој ДДВ“.

Од ВМРО-ДПМНЕ предлагаат оваа мерка да биде спроведена во четири викенди, еден во месеците ноември и декември годинава и по еден викенд во јануари и февруари следната година. Така, како што велат, ќе се заштити здравјето на граѓаните и ќе нема турканици во продавниците, а истовремено ќе се зајакнува економијата и ќе се помага на производителите на македонски производи.

Со „Викенд без ДДВ“ граѓаните ќе го добијат назад целиот ДДВ за производите што ќе ги купуваат во претстојниот продолжен викенд меѓу 10 и 12 октомври. „Викенд без ДДВ“ е дел од четвртиот сет на владини антикризни мерки. Проценките се дека околу 350 илјади корисници на апликацијата „Мој ДДВ“ ќе можат да купуваат домашни производи и услуги, компјутери и друга ИКТ опрема во вредност од најмногу 30 илјади денари, а во рок од неколку дена на нивните трансакциски сметки ќе им биде исплатен назад целиот ДДВ.

Преку оваа мерка, според проценките, ќе се оствари промет од 170 милиони евра кои ќе бидат инјекција во стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра преку повратот на ДДВ.

Во законот се наведува дека фискалните сметки кои ќе бидат цел на целосен поврат на данокот на додадена вредност ќе може да се скенираат преку апликативниот софтвер на Управата за јавни приходи најдоцна три дена од рокот на издавање. Враќањето на целосниот износ на данок опишан ќе се врши најдоцна 15 дена од денот на издавање на фискалната сметка.

Пратениците изгласаа и измени и дополнувања на Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, по скратена постапка.

На дневен ред на седницата е Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за итно справување со Ковид-19 во Северна Македонија, по скратена постапка. И останатите неколку точки од оваа седница се по скратена постапка, како дополнувањата на Законот за студентскиот стандард, и на Законот за ученичкиот стандард.

Пратениците ќе дебатираат и за Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација, во прво читање, како и измените на Законот за заштита на укажувачи, измените и дополнувањата на Законот за судските такси, на Законот за автокампови и на Законот за скијалишта.

Next Post

Шахпаска: Продолжува процесот на деинституционализација

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk