ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бочварски: За 2021 година обезбедивме 1440 годишни дозволи за возила со Евро 6 стандард и 2280 месечни дозволи за возила со Евро 5 стандард

October 9, 2020 15:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Електронското пријавување за ЦЕМТ дозволите е од 13-ти до 15-ти овој месец. За 2021 година, според квотата на базни дозволи со кои располага Министерството за транспорт и врски обезбедени се 1440 годишни дозволи за возила со Евро 6 стандард и 2280 месечни дозволи за возила со Евро 5 стандард“ – истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната средба со СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ, која се одржа во Радовиш.

На средбата се разговараше за активностите кои Владата и Министерството за транспорт и врски ги преземаат со цел да ги поддржат транспортните компании и да се овозможи стабилност на работните места.

Министерот Бочварски истакна дека Министерството за транспорт и врски презеде низа активности во насока на надминување на предизвици кои настанаа како резултат на Ковид-кризата.

„Во услови на вонредна состојба поради здравствената криза, Министерството за транспорт и врски презеде конкретни чекори за поддршка на транспортерите: континурирано се издававаа транспортните дозволи, се пролонгира важноста на Сертификатите на возачите, се воведоа протоколи за превоз, транспорт и испорака на стока, како и низа други мерки со кои  во такви услови се овозможи непречен транспорт на стока. Но не застануваме тука. Во рамките на четвртиот сет економски мерки продолжуваме со поддршката за исплата на плати, која важи и за последниот квартал од годината, односно за месеците октомври, ноември и декември. Новост во оваа мерка е што поддршката ќе биде одредена скалесто согласно падот на приходите кај компаниите. Колку е поголем падот на приходите опфатени со оваа мерка, толку поголема ќе биде поддршката од државата за исплата на платите и таа ќе се движи од досегашните 14.500 до 21.776 денари. Поконкретно, од 30% до 40% намален приход финансиската поддршка ќе изнесува 14.500 денари, од 40% до 50% намален приход 15.955 денари поддршка, од 50% до 60% намален приход –  17.410 денари поддршка, од 60% до 70% намален приход  18.865 денари поддршка, од 70% до 80% намален приход  20.320 денари поддршка и за над 80% намален приход финансиската поддршка ќе изнесува 21.776 денари. Исто така, како дел од сетот економски мерки кои чекаме да бидат изгласани во Собрание, Министерството за транспорт и врски предлага да се изврши пролонгирање на важноста на лиценците за плус една година, со што ќе бидат опфатени 7000 транспортери на кои ќе им се продолжи лиценцата за работа дополнително за една година, без надомест“ – изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Министерот Бочварски нагласи и дека по консултации и разговори со здруженијата на транспортери извршена е измена на Уредбата која го решава моментот на нераспределени годишни дозволи и истата во моментов е во владина процедура.

На крај, министерот Благој Бочварски додаде дека ресорното министерство и Владата остануваат  целосно транспарентни и отворени за соработка со транспортните компании и најави дека во наредниот период ќе бидат преземени дополнителни активности во насока на јакнење на транспортната дејност во нашата држава.

Next Post

Нови 386 случаи од Ковид-19 од 2267 тестирања, починати се шест лица

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk