Пратеникот на СДСМ и портпарол на партијата, Костадин Костадинов, од собраниската говорница ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, како партија да изградат став, како што вели Костадинов, „дали короната постои или не“.
Се противат со сите мерки со кои сакаме да им излеземе во пресрет на граѓаните. Нивни истакнати поддржувачи велат дека не постои короната. Во услови на сериозно зголемување на бројките на новозаболени, ВМРО-ДПМНЕ организира протести. Такво неодговорно однесување со сигурност нема да дозволиме, напиша Костадинов на својот профил на Фејсбук.
Д. Е.






































































































