Во новиот извештај, претставен во Обединетите нации, се проценува дека во светот 29 милиони девојчиња и жени – се жртви на современи форми на ропство – присилна работа, дури и во сопственото семејство, присилни бракови и должничко ропство.
Коосновачот на организациите за борба против ропството „Вој Фри“ (Walk Free), Грејс Форест изјави дека секоја 130 жена и девојче во светот живеат во некоја форма на современо ропство.
„Денеска во ропство живеат повеќе луѓе од било кога претходно во историјата“, рече Форест на конференцијата за новинари во ОН во Њујорк.
Организацијата „Walk Free” современото ропство го дефинира „како систематско одземање на личната слобода, при што лицето се злоупотребува за нечија лична и финансиска корист“.
Проценка дека секоја 130. жена и девојче во светот се во современо ропство, е утврдена врз оснвоа на работата на организацијата “Walk Free”, и две агенции на ОН – Меѓународната организација за тругд и Меѓународната организација за миграции.
Според извештајот под назив „Осуетени шанси“ (Stacked Odds), жените се дури 99 отсто од сите жртви на прислно сексуално искористување, 84 отсто од сите жртви на присилен брак и 58 отсто од сите жртви на присилна работа.
Форест рече дека експлоатацијата „се нормализирала во економијата“ како и во миграциските патишта што и се влошило поради пандемијата од короанвирус, со „наглиот пораст на присилни и детски бракови и експлоатација на работници ширум светот“.
Најави дека “Walk Free” и програмата на ОН “Every Woman, Every Child” покренуваат светска кампања за укинување на современото ропство со повикот за ставање крај на детските и присилните бракови и легализираните системи на екплоатација на работниците – мигранти. Кампањата исто така ги повикува мултинационалните компании на транспарентност и одговорност.
Извор: Слободен печат