Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и генералната директорка на АД „МЕПСО“, Ева Шуклева денеска ќе присуствува на настан по повод пуштање во работа на далекуводот Неокази – Пробиштип.
Како што наведуваат од владината прес-служба, успешната реализација на овој капитален инфраструктурен проект обезбедува бројни придобивки кои водат кон подобрување на деловниот амбиент.





