ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев од Куманово: Борбата на сегашните генерации е да обезбедиме развиена, безбедна и силно меѓународно интегрирана држава

October 11, 2020 14:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Никогаш не смеат да се заборават жртвите на претходните генерации поради чиј самопрегор, денес Република Северна Македонија е меѓународно призната држава со сите постулати на државност, рече од Куманово, претседателот на Владата Зоран Заев од свеченото одбележување на 11 Октомври – Денот на Народното Востание на Спомен Костурницата, каде што бројни делегации положија свежо цвеќе.

Куманово е град херој, а поради храбрите борци од НОБ, рече претседателот на Владата сите имаат патриотска должност да се обединат во создавање на праведно општество. 11 Октомври, е почетокот на сенародната борба против формите на фашизам, репресии и неправда, а денес истакна местото на државата во Обединетите нации кристално и недвосмислена потврда за македонскиот идентитет и македонскиот јазик кој се користи во меѓународните институции.

Ваквите настани, смета претседателот на Влдата, ги потврдуваат европските и демократски вредностите по кои треба да се продолжи, а сега повикот е обезбедување меѓународно интегрирана држава.

Во претходниот мандат потсети Заев, постигнат е договорот за добрососедство со Бугарија и договорот од Преспа, со што, истакна ,Северна Македонија се проби на меѓународен план и стана успешна приказна која го менува наративот на Балканот, земја сојузник со соседите, што е значајно во пандемијата.

– Сето ова се реализираше првенствено низ полноправно членство на нашата држава во НАТО и со утврдување на почетокот за преговори со ЕУ, како и низ градење партнерки односи со сите наши соседи, рече премиерот.

Осврнувајќи се на НАТО, претседателот на Владата истакна дека државата станува фактор на стабилност во регионот и никогаш повеќе нема да биде ставена под прашалник, ниту изолирана од светот.

Пред три години, од како што рече заробена држава, сега со решени горливи проблеми, доаѓа време на ред, правда и дисциплина и ги повика сите засегнати да придонесат за градење систем за правда.

– Кој не сака да го почитува законот, ќе се соочи со законот, рече премиерот.

Од Куманово испрати порака до граѓаните и институциите дека во пресрет на неизвесната есен, борбата со пандемијата продолжува и ќе се вжештува.

– Ова е нашата битка денес. Имаме невидлив непријател со кој очекувам да се избориме заедно, институциите и граѓаните, повика премиерот.

Тој се осврна и на антикризните мерки, со кои се обезбедува егзистенција за најранливите, со кои, додаде, се зачувуваат работни места и се посветува внимание на погодените сектори.

Земјата е на добар пат рече премиерот, и треба да се продолжи. Ги повика граѓаните да бидат коректив на властса, со издржани аргументи да ги кажат своите потреби. Освен со пандемијата, додаде се води битка и со феноменот на лажни вести кои рече се убиствени исто како вирусот и ја повика опозицијата да ги напушти партиските интереси и да покаже државничко однесување.

– Македонската државност е изнедрена од борбата за правда и еднаквост. На еднакви граѓани, кои заедно се посилни и можат да ги совладаат сите предизвици. Денес, кога имаме признаена држава со сите нишани, ни се отвора неповторлива можност самоуверено заедно да зачекориме по европскиот пат. Ве уверувам, тоа е шанса која нема да ја пропуштиме, рече прерстедателот на Владата.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Преглед во 15 часот: Разговорите Османи-Захариева не поминале добро, предлогот не е ни добрососедски ни европски, никој нема право да се меша во нашето право на самоопределување

НАЈНОВО

Јаневска вели се работи за недоразбирање, СДСМ реагира – Со една работа се пофалија и таа ја излажаа, учебници нема

September 16, 2025

Откриени нови детали за двојното убиство и самоубиство во Велес

September 16, 2025
Фото: Канцеларија на гувернерот на Јута

Осомничениот Робинсон признал на Дискорд дека го убил Чарли Кирк

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk