Во Милано во Ла Скала, празник и гламур за љубителите на фудбалот – се одржува доделувањето и прогласувањето на најдобрите од најдобрите во светот на фудбалот за 2019 година – ФИФА фудбалските награди! Целиот фудбалски светски џет-сет е во Ла Скала и е во исчекување.
Најголемите очекувања се во изборот за најдобар фудбалер, најдобар, голман и најдобар тренер според ФИФА.
Во категоријата најдобар фудбалер се: Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Вирџил ван Дајк.
Во категоријатата на најдобар тренер се издвоија: Јирген Клоп, Пеп Гвардиола и Маурицио Покетино.
За најдобар голман според изборот на ФИФА ќе се натпреваруваат: Алисон Бекер, Едерсон и Марк Андре тер Штеген.
Коментарите на дел од присутните се:
– Ето, што на шега, што сериозно, вели дека за него најдобри се: Мухамед Салах и Садио Мане, но за жал тие не се во потесниот избор.
– Марко ван Бастен, вели дека несомнено Меси е најдобар фудбалер во светот, но за 2019 година Ван Дајк е многу сериозен конкурент за добивање на почеста.
– Роналдо вистинскиот Ел Феномено, вели дека Вирџил ван Дајк заслужува да ги собере почестите.
Преносот од доделувањето на ФИФА наградите можете да го следите во живо тука
Ј. Ѓ.
Discussion about this post