ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Бајки од Македонија за цела година“ меѓу 200 најдобри книги за деца и млади во светот на листата White Ravens 2020

October 13, 2020 11:21
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Илустрираната книга „Бајки од Македонија за цела година“ е вброена на престижната листа „White Ravens“ меѓу 200 најдобри книги за деца и млади во светот. Интернационалната младинска библиотека од Минхен, секоја година објавува листа на 200 книги за деца и млади од автори од целиот свет, кои ги препорачува како најдобри за изминатата година и ги објавува во посебен каталог White Ravens („Бели гаврани“).

На оваа престижна листа годинава се најде и македонското издание „Бајки од Македонија“. Каталогот White Ravens на младинската библиотека оваа година содржи 200 наслови од 56 земји на 36 јазици. Изборот на годишно ниво го прават голем тим на уредници кои од голем број пристигнати книги прават избор на 200 најдобри дела на годишно ниво.

– Ова е дополнителна потврда дека нашата посветеност и ентузијазам со кои го работиме овој проект од трајна културолошка вредност е препознаен и од читателите, не само кај нас туку и во светот, како дело со огромен квалитет. Дополнително нè радува што успеавме да создадеме модерен формат преку кој македонското народно творештво успеавме да го приближиме до современата млада публика и ова вредно дело се најде во конкуренција со 200 најдобри наслови во светот. Ова е огромен успех и ние продолжуваме да работиме и да создаваме нови успешни приказни, истакна Ангелка Пеева-Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“.

Каталогот White Ravens се објавува од 1984 година. Вообичаено, тој и избраните наслови се претставуваат на посебен настан на Меѓународниот саем на книгата во Франкфурт, но годинава поради светската пандемија, промоцијата се изведува виртуелно.

Од „Арс ламина“ посочија дека е голем исчекор и за нив, но и за целокупното македонско издаваштво што токму на оваа престижна листа се најде наше издание и се особено горди поради тоа.

– Тоа е јасна потврда дека вистинскиот квалитет и вредност може да се препознае и во услови на огромна конкуренција од целиот свет, истакна истакна Бранка Бугариска, раководител на „Арс ламина“.

Книгата „Бајки од Македонија за цела година“ е дел од проектот „Бајки од Македонија“ на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“. Изданието е составено од 52 бајки од македонското народно творештво, односно по една бајка за секоја недела во годината. Бајките се избор од собраните народни приказни од Марко Цепенков, Стефан Верковиќ и Танас Вражиновски.

Next Post

Владата ќе го разгледа извештајот од Главниот кризен штаб за справување со Ковид-19

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk