ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров – Маркуш: Словачката помош е повеќе од добредојдена

October 13, 2020 13:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска имаше средба со амбасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркуш, на која било разговарано за повеќе актуелни теми како процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, спроведувањето на европските реформи во земјата, како и за билатералната соработка.

Како што се наедува во соопштението од СЕП, соговорниците се осврнале на поддршката која Северна Македонија ја добива преку Словачка помош (Slovakia Aid) во работата на Националната конвенција за ЕУ како демократски форум за отворен и транспарентен дијалог за прашањата поврзани со пристапните преговори за членство во ЕУ.

-Во оваа фаза од нашиот пат кон ЕУ, поддршката од нашите билатерални партнери е повеќе од добредојдена. Република Словачка претставува одличен пример за патот кој Северна Македонија треба да го изоди во усвојувањето, прифаќањето и реализацијата на стратешките цели за членство во Европската Унија и апсорпцијата на европските фондови во тој процес, рекол Димитров на средбата.

За време на средбата вицдепремиерот се заблагодарил за поддршката која што Словачка континуирано ја обезбедува за Северна Македонија  преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ – за време на поплавите во 2017 година, во текот на мигрантската криза, како и неодамна најавената помош за справување со здравствените последици од Ковид-19.

Поздравувајќи ги успесите кои Северна Македонија ги постигна во изминатите три години, амбасадорот Маркуш истакна дека регионот и Европската Унија во овој момент имаат потреба од успешни приказни, а Северна Македонија има потенцијал да прерасне во пример за успешна трансформација, се посочува во соопштението од СЕП.

Next Post

Горивата поскапуваат за половина денар по литар

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ацо Лукароски. Фото: лична архива

    Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk