ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Стевановиќ: Непочитувањето на мерките за заштита од Ковид-19 се пресликува во бројките на заболени

October 14, 2020 06:55
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Непочитувањето на превентивните мерки за заштита од Ковид-19 од страна на граѓаните и нивното опуштање во однесувањето, сега го гледаме пресликано во бројките на новоинфицирани со корнавирусот, изјави директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ.

– За мене како професионалец, неприфалтиво е во оваа ера кога светот гори од Ковид-19, да биде неопходна закана од казнена мерка за некој човек да преземе едноставни мерки за да се заштити себеси и своите блиски. Навистина тоа не ми е прифатливо, истакна Стевановик при гостување во вчерашната емисија „Топ Тема” на телевизија Телма, додавајќи дека не верува оти станува збор за неинформираност кај овие луѓе.

Таа посочи дека во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирано 95 лица, со што е речиси колку и максималниот болнички капацитет.

– Последните денови се примаат од 13 до 14 пациенти, а иако истовремено се испишуваат и пациенти кои се оздравени, тој сооднос не е таков за да не се предвиди дека за многу кратко време капацитетот на Клиниката ќе биде целосно пополнет и ќе мора во функција да се стави монтажната болница, која е комплетно опремена и подготвена за прием на пациенти, нагласи Стевановиќ.

Според неа, причините за големиот број починати од коронавирусот во земјава се повеќеслојни и комплексни и за да се најде одговорот потребно е темелно испитување во нормални услови, што е невозможно во сегашниот период на пандемија.

– Од луѓето кои ја губат битката со Ковид-19, 72 отсто се со опасни коморбидитети и тоа по два коморбодитети – висок крвен притисок, шеќерна болест, срцеви заболувања, хематолошки болести, изјави Стевановиќ, потенцирајќи дека лицата кои починуваат доаѓаат предоцна во болница.

Споре неа, над 50 процени од болните одат на лекар најмалку седум, па дури и до десет дена по почетокот на заболувањето, кога веќе имаат тешка болест со развиени тешки симптоми и последици и кога грижата за нив е исклучително тешка и сложена.

Next Post

Жозеп Борел објави дека е во самоизолација поради контакт со заразаен со Ковид-19

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk