ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Крушево: Почит, сеќавање и ново спомен обележје за Тоше Проески

October 16, 2020 18:52
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Сеќавања, тага, почит, со песна и црвени рози. Крушево, Македонија, Балканот се сеќава на Тоше Проески по 13-ти пат од неговото трагично загинување. Маратонците и годинава стигнаа на неговото вечно почивалиште, на Гумење во Крушево. Поради пандемијата трчаа од граничниот премин Табановце, до Крушево. Претходно и симболично во Хрватска, Нова Градишка каде загина Тоше.

Наум Капричевски кој ги предводеше осумте маратонци до Гумење, емотивно ја испрати пораката – Тоше е нашата инспирација.

– Пристигнавме на Гумење да му оддадеме почит на нашиот великан, на момчето со ангелскиот глас, на момчето кое беше институција, а не само пејач, рече Капричевски.

И покрај дождот и ова тешко, опасно време фановите на Тоше ги имаше отсекаде: од Македонија, Хрватска Бугарија, од Русија. Стела од Загреб, Хрватска вели дека постојано ги следи маратоците и доаѓа во Крушево за Тоше.

-Секоја година доаѓам во Крушево. За Тоше. И годишниот одмор го поминувам овде. Откако загина Тоше, од тогаш го мерам времето. Дојдов со маратонците. Таа љубов што ја даваат за Тоше е единствена во светот. Ме инспирираат. До Крушево ги следам секоја година. Заедно патувавме од Нова Градишка. Почесниот старт го оддадоа во Нова Градишка, а официјално на граничниот премин Табановце, па до Крушево. Не сакаа да ја прекинат традицијата која трае 13 години. Тоше е љубов, енергија. Тој е сонцето во вашето знаме. Физички ни недостасува. Но љубовта е посилна од смртта, а Тоше е љубов, вели Стела.

И Радица Иванова од Бугарија секогаш, за Тоше, е во Крушево.

-За нас во Бугарија, Тоше Проески е начин на живот. Тој е нашата љубов. Доаѓаме секоја година, кога можеме и во ова тешко време зашто Тоше го почитуваме, рече Иванова.

Тоше го обедини Балканот како никој досега. Неговите верба, љубов се основа за да ги избришеме омразата, нерпеливоста последниве години, порача премиерот Зоран Заев кој му оддаде почит на Тоше. Подигнато е новото-спомен обележје што се градеше една година и чинеше 10 милиона денари, пари од државата.

-Денес сме тука да се поклониме пред вечното почивалиште на нашиот голем сограѓанин, интернационално прифатен естраден уметник – Тоше Проески. Како наша должна почит за момчето со големо срце, со добрина, љубов, верба, хуманост, со бескрајна посветеност и верност спрема музиката. Му одаваме достојна почит пред реализираното идејно решение за неговото вечно почивалиште. Се оформи низ постојана комуникација со семејството на Тоше. Како симбол ги одразува искрената религиозност на Тоше Проески и вербата во бог кои тој ги споделуваше преку својата музика, рече Заев.

Тоше, како што истакна тој, на најдобар можен начин успеа да го обедини Балканот, онака како што треба, успевајќи со својата искрена желба, со неповторливата харизма и со своите безвременски песни да ги премости сите, навидум, непремостливи нешта.

-Тој е нашата гордост. Беше амбасадор на УНИЦЕФ, заслужно ја доби наградата Мајка Тереза. Треба да сме му бескрајно благодарни. Дури и сега, кога сме дел од најголемите предизвици во светот, треба да се потсетиме на неговите стихови: За овој свет, еден и единствен, треба се да сториме. Само него го имаме. проблемите еден ден ќе ги надминеме, но она што треба да не загрижува е се поголемото отсуство на љубов помеѓу луѓето. Треба да си споменеме на неговите чести зборови: Ве сакам сите. Треба да ги собереме плодовите на љубовта од семето што го посеа Тоше на оваа македонска почва.  Земајќи го урнекот од него за љубовта, ќе може да ги победиме и омразата и поделеноста и злото, наталожени во душите низ годините, рече Заев.

Крушевскиот градоначалник Томе Христоски смета дека новото спомен обележје на гробното место на Тоше на Гумење е само мало оддолжување на крушевчани за тоа што го направи Тоше за сите нас.

– Ова почивалиште не е проект, туку обврска на сите крушевчани. Веќе кога го загубивме прерано, барем да се оддолжиме на некој начин и да кажеме „благодарам“ за неговиот придонес за Крушево, за неговата љубов, за неговите добри дела, рече Христоски.

Тоше Проески доби спомен обележје на Гумење. А спомен-куќата, музеј „Тодор Проески“ за девет години откако е изградена досега ја посетиле преку 600 000 обожаватели и почитувачи на делото на Тоше од Македонија, Балканот и од светот.

Next Post

Вицепремиерот Битиќи во самоизолација поради контакт со лице позитивно на коронавирус

Shortcut

Најново

Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk