ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Народната банка ги засили активностите за унапредување на платежните услуги и поддршка на финтек-секторот

October 17, 2020 12:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Развивањето на платните системи, создавањето простор за унапредување и развивање на пазарот на платежни услуги и поддршката на примената на нови иновативни технологии во финансискиот сектор се дел од приоритетите на Народната банка. На нив се фокусирани и значителен дел од активностите во рамките на твининг-проектот „Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзиното членство во Европскиот систем на централни банки“, финансиран од Европската Унија.

Во рамките на овој проект, Народната банка активно соработува и со Банката на Литванија, со којашто е направено и согледување на нашето досегашно искуство во оваа сфера, досегашната соработка со финтек-компаниите и на постојната регулаторна рамка, како и на очекуваните промени во сферата на плаќањата во контекст на претстојното спроведување на концептот на отвореното банкарство.

На 15 октомври 2020 година, како дел од проектот, како што соопштија од Народната банка, беше организиран настан во виртуелен формат на којшто посебно внимание му беше посветено на искуството на Банката на Литванија како поддржувач на финтек-секторот. Притоа, посебен акцент беше ставен на платформата во Литванија за комуникација помеѓу иновативната бизнис-заедница, централната банка и другите релевантни институции, каква што е и Портата за иновации којашто Народната банка ја отвори кон крајот на минатата година. Искуството покажува дека ваквите платформи се многу важни за поставување соодветна регулаторна рамка којашто ќе поддржува иновативни решенија, притоа водејќи сметка за потенцијалните ризици.

-Имајќи ги предвид промените коишто ги предвидува новиот Закон за платежни услуги и платни системи, на којшто Народната банка работи заедно со Министерството за финансии, во презентацијата посебно беше истакнат литванскиот платежен пејзаж и активностите на платежните институции, институциите за електронски пари и новите финтек-компании. Во овој контекст, се разгледаа можностите, но и предизвиците со коишто се соочуваат земјите при воведувањето на ваквиот пристап во областа на платежните услуги и системи, се наведува во соопштение од Народната банка.

Инаку, носењето и спроведувањето на новата регулатива кај нас ќе придонесе за транспонирање на најновото европско законодавство во оваа област и создавање услови за значајни промени во прилог на дигитална трансформација и поголема конкуренција.

Од Народната банка велат дека одделно биле презентирани и искуствата во сферата на заштитата на потрошувачите, што беше од посебно значење за експертите од нашата земја, имајќи предвид дека Народната банка сѐ повеќе ги зголемува своите активности во овој домен.

-За таа цел неодамна е формирана и посебна работна група којашто треба да изготви и предлог-рамка на активностите во сферата на заштитата на потрошувачите, при што ќе бидат земени предвид и искуствата посочени во оваа презентација. Презентацијата беше мошне корисна и во контекст на подготовката на Стратегијата за примена на финансиски технологии, којашто е дел од Програмата на Народната банка, се наведува во соопштението.

Имајќи ја предвид потребата од координирано дејствување во натамошните чекори за поддршка на домашниот финтек-сектор, на настанот, покрај експертите од Народната банка, биле поканети и претставници на деловните банки, штедилниците, Македонската банкарска асоцијација, како и претставници на повеќе институции и професори и студенти од економските и правните
факултети во земјата.

Инаку, твининг-проектот „Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзиното членство во Европскиот систем на централни банки“, покрај на платежните услуги и системи, е фокусиран и на статистиката на финансиските сметки, активности во сферата на регулативата и супервизијата на банките и на истражувачки активности за анализа на политиките.

Во спроведувањето на проектните активности, партнери на Народната банка се централните банки на Германија и Хрватска, а во дел од активностите покрај експерти од централната банка на Литванија, вклучени се и експерти од централните банки на Белгија, Португалија, Романија, Холандија, Словачка и
Грција.

Next Post

Заев: Искоренувањето на сиромаштијата е наш секојдневен мотив (ВИДЕО)

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk