ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Се помалку млади сакаат да се занимаваат со новинарство

Новинарството не е повеќе атрактивна професија. Се помалку студенти сакаат да студираат новинарство. Финансиската страна и немањето доверба во медиумите се едни од причините за ваквата состојба, истакнаа панелистите на денешната тркалезна маса за предизвиците на младите новинари во ерата на дезинформации

November 13, 2019 17:17
in МЕДИУМИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Новинарството не е повеќе атрактивна професија. Се помалку студенти сакаат да студираат новинарство. Финансиската страна и немањето доверба во медиумите се едни од причините за ваквата состојба, истакнаа панелистите на денешната тркалезна маса за предизвиците на младите новинари во ерата на дезинформации, пренесува МИА.

Годинава, како што беше посочено, на Скопскиот универзитет се запишани само 12 студенти на новинарство, на Штипскиот еден студент, а заедно со Тетовскиот универзитет има вкупно околу 20 студенти по новинарство.

– За жал, ова говори дека новинарството не е повеќе атрактивна професија. Ова е индикатор кој треба да не загрижува, истакна Драган Секуловски од Здружението на новинари.

Според Катaрина Синадиновска, една од основачите и претседателка на Советот за етика во медиумите, немањето финансиска сатисфакција и недовербата во медиумите се едни од причините зошто се помалку млади се занимаваат со оваа професија.

– Се затвораат медиуми, нема редакции, брутално се кршат стандардите, претворени сме во следачи на соопштенија, нема втора страна во веста и не се разликува вест од коментар, посочи Синадиновска, додавајќи дека треба да се насочиме кон изнаоѓање на решение.

Дел од забелешките се дека се потребни системски мерки, инвестирање во професионалното новинарство и целосна реформа на образовниот систем. Потребна е и медиумска писменост и нејзино воведување во образованието.

Денешната дебата ја организираше Младинскиот образовен форум и Радио МОФ.

Next Post

Француското Собрание на 21 ноември ќе расправа за Протоколот за членството на земјава во НАТО

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

October 24, 2025
Скриншот

Њу Делхи предизвика вештачки дожд во обид да го ублажи големото загадување на воздухот

October 24, 2025

М-НАВ: Претседателот на ССКЛ Александар Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk