ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Мас: Никој во ЕУ не ја доведува во прашање пристапната перспектива на Северна Македонија

Оној, кој ќе успее да направи болни компромиси со своите соседи, кој ќе почне долгорочни реформи нему мораме да му ја отвориме вратата на ЕУ, тоа е духот на европскиот проект. Никој во ЕУ не ја доведува во прашање пристапната перспектива на Северна Македонија. Сега останува на нас да го дадеме сето она што ни стои на располагање, како поддршка од ЕУ да го искористиме, рече Мас

November 13, 2019 18:06
in ДЕНЕС, АКЦЕНТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Никој во Европската унија не ја доведува во прашање пристапната перспектива на Северна Македонија, порача денеска германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас на прес-конференцијата со неговиот домаќин, шефот на дипломатијата Никола Димитров, пренесе МИА.

-Оној, кој ќе успее да направи болни компромиси со своите соседи, кој ќе почне долгорочни реформи нему мораме да му ја отвориме вратата на ЕУ, тоа е духот на европскиот проект. Никој во ЕУ не ја доведува во прашање пристапната перспектива на Северна Македонија. Сега останува на нас да го дадеме сето она што ни стои на располагање, како поддршка од ЕУ да го искористиме, рече Мас.

Тој истакна дека последната средба со Димитров ја имал пред околу два месеца во Берлин, нагласувајќи дека изминатиот период имале повеќе средби, што како што рече „покажува колку сте важни и колку е важен пристапниот процес.

Нагласи дека посакувал неговата посета да се одржи во подобри околности, но нагласи дека мора да се гледа напред кон иднината. Додаде дека не биле задоволни од одлуката на Советот, но напомена дека не се откажуваат.

-Потребна ни е согласност на сите во ЕУ и ќе продолжиме да работиме со луѓето од Северна Македонија. рече Мас и додаде дека стабилен и демократски развој е во интерес на сите граѓани.

Димитров нагласи дека оваа посета е јасна порака дека Северна Македонија ја има поддршката од Германија.

-Ние како држава, но и како регионот имаме незавршена работа и разговаравме што престои за да имаме успех и ЕУ и ние, успех дома и за целиот регион на Западен Балкан, бидејќи колку ние имаме интерес да бидеме дел од ЕУ и ЕУ има интерес да бидеме дел од неа, рече Димитров и додаде дека регионот географски и припаѓа на Унијата.

Димитров ги оцени како извонредни билатралните односи со Германија и политичките и економските и нагласи дека ова година трговската размена со земјата ќе достигне над четири милијарди евра.

-Се надевам дека симболот на падот на Берлинскиот ѕид , кој беше еден вид кулминација на желбата на луѓето за слобода и демократија, за подавање рака и уривање на бариерите ќе ни даде поттик 30 години подоцна да ги рушуме една по една бариерите што нашиот регион го делат од ЕУ и ќе не поттурнат кон неповратно демократско трансформирање и мериторирање во ЕУ, рече Димитров.

Next Post

Фејсбук отстрани 3 мрежи на руски тролови кои ширеле медиумски манипулации во Африка

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk