ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Сите ѕидови од Груевски

Оној „Скопје 2014“ не е само ѕид на разврат и криманал, ами ѕид на имагинарна глупост и кич, ѕид на националистички блуд, кој има да не ебе се додека е распространет низ целиот плоштад, покрај Кејот, низ Тримфалната глупост. Се додека оној Фалус на сред плоштад не го снајде судбината од Ќосето, ќе ни брца и во око и во идентитет. Ако Ќосето беше намерно поставен кај судовите за да ни ја ебе правдата, Фалусот на сред плоштад е гордо ставен за да ни ја ебе иднината. Не знам дали гледате?

October 20, 2020 12:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Најмалку еден милион и триста илјади евра Груевски здиплил за себе од партиските сметки и преку купување на плацеви ги испрал за да не им се најде трагот, велат од ОЈО. Па тука се секогаш неговите кумови да се најдат да помогнат, па братучедите, па оној Орце спонзорот на новинарскиот испрдок, па мама за да не кашла детето и секако, иако од ОЈО не е спомнат, оној безмозочен јадник Миле што егзекутирал тоа што ќе му се нареди.

Од сета таа мафијашка шарада претури од Белизе на бате, па на кумот, па сите за мене… од сите тие офшор, офкорс, офлеле неизживеани алчности на исфрустрираниот мамин надин син и неприкосновен лидер на најголемото зло што ја задесило поновата историја на Македонија, од сето тоа што се изнаслушавме и по 5 години, од сите тие плацеви начекани џабалак, од сите шијачки ГУПови, ДУПови по нарачки, од сето тоа на неколку пати Груевски спомнува ѕид. Оние на Водно плацеви преку кои Груевски перел пари се посебно интересни, ем сега актуелни, па да си спомниме.

Се сеќаваме на муабетот помеѓу Јанакиески и Груевски за ѕидот? Како ќе изгледал како да е потпорен ѕид, а во суштина ќе бил ѕид за да не се гледа што има позади него, што се гради, колкаво е то..

Што се случувало?

Позади Панорама на Водно, се случувала промена на ДУП – стои заштитено зеленило во првиот детален урбанистички план (пред да го купи Груевски), во вториот проектирале три огромни маркици за куќи. Се работи за парцели од 11.000 метри квадратни.

Во објавениот разговор се слуша како се мачи Груевски со Јанакиески низ шифри по телефон да му даде упатства за менување на овие планови.

Па велат:

Груевски: Не сакам по телефон да зборувам за тоа. Не знам дали вака можам да ти доловам во шифри, ама ајде.

Јанакиески: Значи мора промена на ГУП, па ДУП. Шо вака че одземи доста време.
Груевски: Аа, ах. А сега у оваа фаза не може ГУП да се смени?
Јанакиески: Па ГУП нели Коце го менува тоа, некаде крај на октомври че фати.
Груевски: Добро бе, ако ми е тоа решение, јас ќе си искомбинирам, сфаќаш?

Алчноста на Груевски одела во детали – кројат план како да му го плеснат патот во комшиската парцела,

Груевски: Ми викаш пола патот е ваму, пола е таму, така?
Јанакиески: Грубо, да.
Груевски: Па да им го бутнеме таму поише. На нивна територија, мислам на работ кај нив, ама цело кај мене да се гледа.

И конечно – ѕидот:

Груевски: Таму знаеш што може да се направи? Може, за да не се гледаат одоздола да се дигне малце потпорен ѕид, да се напуни со земја и ќе гледаат у ѕид. Тоа ми текна.
Јанакиески: Така да. Ќе проверам уште еднаш.
Груевски: Едно 6-7 метри дигаш потпорен ѕид и они одоздола гледаат у ѕидот.

Потпорниот ѕид од Груевски висок 6-7 метри од кој не може да се виде што има позади него.

А позади него е целата таа расипничка грдосија што ни ја врати државата 30 години назад. Отаде ѕидот и она што не сакаа да гледаме е гадотија што посегнуваше кон национализам и меѓуетнички конфликти секогаш кога требаше да скрие некој нарачан ГУП, секогаш кога требаше да се скријат 40 човечиња во 10м2, секогаш кога требаше да се запрат лифтовите за да не можат возрасните да гласаат, или да се однесат на технички преглед автобусите за опонентот да има неуспешен митинг, или да се иссценира непостоечка сообраќајка на превртен трактор за да не може политичките опоненти да присуствуваат на гласање…

Она што ни оставија после нив се ѕидовите. Не, не се тоа овие 6-7 метри потпорни ѕидови на Водно што се гледаат за да не се гледаат. Тоа се оние невидливи ѕидови што ни параат очи и душа високи по 100-200 метри, што не се догледуваат, што ќе ни треба многу, многу работа за да ги срушиме. Ѕидовите од корупција, криминал, партиска мафијашка администрација, вазалното судство. Тоа се ѕидовите од апатија што ни ги изградија за да ни ја уништат надежта. Тоа се ѕидовите на „сите се исти“.

Тоа се ѕидовите што не се рушат со казма и чекан, ами со време.

Оној „Скопје 2014“ не е само ѕид на разврат и криманал, ами ѕид на имагинарна глупост и кич, ѕид на националистички блуд, кој има да не ебе се додека е распространет низ целиот плоштад, покрај Кејот, низ Тримфалната глупост. Се додека оној Фалус на сред плоштад не го снајде судбината од Ќосето, ќе ни брца и во око и во идентитет. Ако Ќосето беше намерно поставен кај судовите за да ни ја ебе правдата, Фалусот на сред плоштад е гордо ставен за да ни ја ебе иднината. Не знам дали гледате?

Тие и таквите ѕидови драги мои треба ние да ги срушиме.

Каде е Грујо сега знаеме, иако не дознавме како им кидна.

Каде е драги мои, сегашното раководство на ВМРО-ДМНЕ, за да се огради од „ѕидарот“, што со оставањето на наследникот Мицкоски им „стави рака“ на партијата за сите времиња?

Ете го во истата бела палата што тој им ја изгради. Сигурно повторно кројат ГУПови за да ни сместат во дупови. Ама тенко некако сега, тешкичко им оди обезмоќни од опресијата со која беа научени да владеат.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Макрон, Мерц, Стармер и Туск во Кијив: Поддршка за Украина и повик за прекин на огнот

May 10, 2025

Петиција во ЕП: Кошта да ја откаже посетата на Белград поради присуството на Вучиќ во Москва

May 10, 2025

Во Швајцарија денеска САД и Кина почнуваат трговски преговори

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk