ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Арсовски: Изјавите на Каракачанов се недостојни и недолични, ние веруваме во решенија

October 21, 2020 15:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изјавите на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов се недостојни и недолични. Ние веруваме во решенија и сме убедени дека нашиот сосед којшто прв ја призна независноста на Северна Македонија и беше промотор на нашата интеграција нема да помисли да го оспорува правото на идентитет и самоопределување, изјави денеска портпаролот на Владата Душко Арсовски, коментирајќи ја изјавата на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов дека е подготвен да прати инжинериски полк во Македонија да ги урне спомениците.   

Арсовски истовремено упати и на денешната изјава на министерката за одбрана Радмила Шекеринска.  

 –Јас можам да повторам дека ваквите изјави се недостојни и недолични. Претставници на две земји – членки на НАТО не може да комуницираат на ваков начин меѓусебе. Ние сепак веруваме во решенија, тоа и досега сме го покажале дека знаеме да  постигнуваме решенија, но исто така сме убедени дека земја сосед којашто прва ја призна независноста на Северна Македонија и којашто беше прв промотор на патот на интеграцијата кон НАТО и кон ЕУ нема да помисли да го оспорува правото на идентитет и самоопределување на пријателскиот македонски народ, така што можеме само да изразиме оптимизам дека ова не е став на мнозинството граѓани и на академската јавност таму и уверени сме дека ќе се изнајде решение, рече Арсовски на прашање на новинар на МИА. 

За тоа дали ваквите изјави би влијаеле врз исходот на раговорите на премиерот Зоран Заев и на бугарскиот премиер Бојко Борис, тој вели дека треба да се разграничи тоа што работа на политичарите од она што е на Комисијата за историски прашања.   

 -Важно е да се испрати порака во насока на тоа дека треба да се остават тие да си ја работат својата работа, а политичарите да дадат свој придонес на таков начин што нема да ја поткреваат атмосферата. Можам да го повторам ставот на премиерот Заев се надева дека се надева оти ќе  изнајде заедничко решение со неговиот колега Борисов, особено затоа што ова не е став на граѓаните и на тамошната јавност, рече Арсовски, кому ова му е прва прес-конференција како портпарол на Владата.  

Во однос на тоа дали до Бугарија ќе биде испратена протестна нота поради изјавата на Каракачанов, Арсовски рече дека до  моментот на прес-конференцијата немало такво нешто. 

Next Post

Холштајн: Неодржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија ќе биде неуспех за германското претседателство со ЕУ

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk