На прашањето на ЦИВИЛ Медиа – Дали нашата држава заслужува да влезе во Европска унија, дел од граѓаните на Штип, Пробиштип и Крива Паланка сметаат дека државата е спремна да биде дел од европското семејство уште од деведесетите години, бидејќи повеќе ги исполнуваме условите дури и од некои земји што влегоа во ЕУ во изминатите неколку години.
„Со влез во ЕУ ќе биде добро за сите, особено за младите“, вели еден штипјанец.
Еден граѓанин на Крива Паланка смета дека Северна Македонија ќе стане дел од ЕУ кога ќе престане како што вели „арамилукот, односно да не се краде“.
„Ќе се искорени корупцијата која е рак-рана во нашето општество и ќе се подобри економската состојба со влез во ЕУ“, вели еден граѓанин од Пробиштип.
„Со влез во ЕУ ќе се подобри економската и политичката ситуација. Исто така ќе се подобри и правосудниот систем“, вели еден штипјанец.
Мелиса Муриќ / ЦИВИЛ МЕДИА