ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: Благодарност до НАТО за помошта од 1,4 милиони евра

October 22, 2020 18:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, преку видео – конференциска врска, денеска учествуваше на првиот работен ден на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО, на ниво на министри за одбрана.

Шекеринска на состанокот се заблагодарила за помошта од НАТО во вредност од 1,4 милиони евра за 60 респиратори и дополнителна медицинска опрема, потег кој, според неа, потврдува дека солидарноста и подготвеноста да се помогне на секој сојузник е најголемата вредност во Алијансата.

-Предизвиците бараат сериозен одговор и затоа се важни инвестициите во одбраната и споделувањето на финансискиот товар за колективната безбедност, било истакнато на состанокот, на кој е поздравен напредокот на најголемиот број земји членки на НАТО до достигнување на проектираното одвојување на два проценти од БДП за одбраната.

Од Министерството за одбрана истакнуваат дека Северна Македонија останува посветена на определбата за континуирано зголемување на одбранбениот буџет и достигнување до два процента од БДП во 2024, како и одвојување на 20 отсто од буџетот за опремување и модернизација во 2021 година.

-Една од главните теми на состанокот беше и зголемувањето на отпорноста на општествата, при што министрите за одбрана на НАТО земјите членки усвоија препораки за градење на капацитети и за унапредување на цивилно-воената соработка. Современите предизвици ги надминуваат рамките на одбраната и армијата и бараат координиран пристап и заеднички одговор на целото општество, заклучија министрите на денешната сесија на Северноатлантскиот совет, информираат од Министерството за одбрана.

Министрите за одбрана донеле одлука за изградба на вселенски центар во југозападна Германија, односно во базата Рамштајн, при што било потенцирано дека целта на НАТО не е да се милитаризира вселената, туку да се подигне свесноста на НАТО за предизвиците и подготвеноста за справување со нив.

Состанокот на ниво на министри за одбрана продолжува утре, кога главни теми за дискусија ќе бидат мировните мисии и операции, со фокус на Авганистан, Ирак и Косово, како и имплементацијата на планот на Алијансата за резолуцијата на ООН 1325, Жени, мир и безбедност.

Next Post

Општа болница Куманово му врачи благодарница на Спасовски за заложбите и донациите за установата

НАЈНОВО

Скриншот

Пезешкијан: Сакаме мир, но нема да попуштиме под притисок за нуклеарната програма

November 7, 2025
Скриншот

Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

November 7, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Обвинение за лажно пријавување бомба во училиште во Радовиш

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk