ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата ги утврди законите за имплементација на четвртиот пакет мерки

October 23, 2020 07:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на денешната 14-та седница го утврди Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, за исплата на платите за октомври, ноември и декември 2020 година.

Со овој закон, информираат од владинатапрес-служба, се уредуваат условите и постапката за добивање на финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, заради исплата на платите на работниците за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

На предлог на Министерството за финансии, денеска е утврден и предлогот за Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, кој исто така како и Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите е дел од четвртиот пакет за справување со економската криза предизвикана од коронавирусот.

-Со денот на влегувањето во сила на измените и дополнувањата од Законот за данокот на додадена вредност од 1 јануари ќе се изврши ослободување од данок на додадена вредност за донации дадени кон буџетски корисници за справување со коронавирусот Ковид-19. Исто така ќе се одложи рокот за плаќање ДДВ заради ликвидносна поддршка на компаниите, соопштија од Владата.

Заради олеснување на процесот на издавање, пренос и прием на фактура, ќе се даде можност за користење на фактура во електронска форма (pdf или друг електронски формат).

Од 1 јануари 2021 година, се пропишува одредба за примена на повластена даночна стапка од 10 отсто за продавањето храна и пијалаци за консумација на лице место и кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци. Исто така, се пропишува одредба за примена на повластена даночна стапка од 5 отсто за определени занаетчиски услуги кои се вршат од страна на занаетчии што се запишани во занаетчиски регистар.

Владата ги прифати и дополнувањата на Уредбата за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта, согласно кои, во случај на влошување на епидемиолошката состојба, проверувањето на постигнувањата на учениците ќе може да се врши и без физичко присуство на учениците, според упатствата за спроведување на проверка на постигнувањата на успехот на учениците без физичко присуство, изготвени страна на Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука.

Next Post

Прифатена оставката на Јовановска, мандатот на Тозија не е продолжен, разрешен Хајредини

НАЈНОВО

Фото: МИА

Македонија катастрофално поразена од Велс, баражот го чекаат од четвртиот „шешир“

November 18, 2025
Скриншот

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн

November 18, 2025

Собранието стави крај на евтиното онлајн купување: ДДВ од 18% за „Тему“ и „АлиЕкспрес“ пратки

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА најави пренос во живо: Првите детални снимки од меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk