ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Модна пролет 2021 – сѐ ќе ни биде дозволено!

October 23, 2020 22:50
in ДЕНЕС, МОДА

Иако пандемијата се одрази на модната индустрија исто како и на секој аспект од нашите животи, дизајнерите и модните креатори не хибернираа. Нивната постојана креативност конечно ќе ни дозволи да ги комбинираме оние работи кои досега беа едно големо „НЕ“.

Светки, мрежи, линии, цветни дезени, искинати и дречливи материјали со исто такви заштитни маски – ДА. На човештвото му треба нов издувен вентил, па откако главниот акцент последниве неколку месеци е на пандемијата, рестрикциите и забраните, како луѓе заслужуваме да прекршиме по некое модно правило. Но, нека затопли прво.

Најавените весели тонови и комбинации ќе ги видиме во пролетните колекции, а зимава веќе е дефинирана со пепито дезените, ретро големите палта „од нафталин“ и сакоата кои даваат комплетност и елегантност на речиси секоја комбинација, па дури и со патики.

Пролетта ќе биде одбележана со живи, дречливи бои и дезени, продупчени ракави, но и минималистички креации за оние кои најудобно се чувствуваат во едноставна облека.

Викторија Бекам во нејзината најнова колекција се фокусира токму на острите засеци и отворени делови на доста невообичаени места. Сепак, таа е позната по едноставните, но неверојатно впечатливи и препознатливи креации. Има и зошто е една од најомилените дизајнерки на Ана Винтур.

Главната уредничка на престижното модно списание Вог, Ана Винтур заедно со поранешната спајсица, а сега една од најуспешните модни дизајнерки, Викторија Бекам.

Со оглед на тоа што во преден план веќе е одржливоста и економичноста, многу дизајнери почнаа со пренаменување или повторна употреба и актуелизација на стари и неискористени парчиња како дел од нови комбинации. Гигантот за фармерки Левис почна да го рециклира и повторно да го употребува непродадениот текстил од минати сезони, Долче и Габана исто така ги искористуваат остатоците од минатото производство за нови модели.

Најинтересниот дел од новите колекции предвидени за пролет/лето 2021 се заштитните маски во исти дезени со облеката. Со оглед на тоа што веќе и по навика бираме маска што би ни одговарала со одбраниот стајлинг за тој ден, заштитните маски освен потребни, стануваат и моден детал.

 

А. Н. С. 

Next Post

Австрија и Холандија денеска со рекорден број заразени од коронавирус

НАЈНОВО

Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk