ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јованоски: Нелегално изградените објекти ќе бидат отстранети, законот важи подеднакво за сите граѓани

Со цел да се отстранат сите дилеми и да запрат шпекулациите, лажните вести и клеветите на опозицијата насочени кон него како градоначалник, но и како физичко лице Илија Јованоски, за негова наводна вмешаност или соучество во изградбата на два објекти во градот, првиот човек на општина Прилеп денеска свика прес конференција

November 14, 2019 18:19
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со цел да се отстранат сите дилеми и да запрат шпекулациите, лажните вести и клеветите на опозицијата насочени кон него како градоначалник, но и како физичко лице Илија Јованоски, за негова наводна вмешаност или соучество во изградбата на два објекти во градот, првиот човек на општина Прилеп денеска свика прес конференција.

„За објектот кој се гради во близина на Медицинското училиште, постои купопродажен договор на два субјекта, едниот физичко лице а другиот правен субјект, при што се продава приватен имот. Ниту Општината, ниту градоначалникот на било кој начин се вклучени во тој купопродажен договор. Со тоа што на Општината во адекватна висина и’ е платен данокот, за нас тука завршува целата работа. Категорично демантирам било каква моја вмешаност во изградбата на објектот, ниту како градоначалник на општина Прилеп, ниту како физичко лице Илија Јованоски“, изјави градоначалникот Јованоски.

Што се однесува до наводната изградба на хотел во градскиот пазар, Јованоски истакна дека такво нешто ниту се гради, ниту пак во деталниот урбанистички план е предвиден објект со таква намена.

„Станува збор за легализиран деловен објект, со кој ни Општината ни јас како градоначалник и физичко лице имаме некаква врска и каде неговиот сопственик сакал да го промени покривот на терасата од објектот. После добиената информација дека таму се прави нешто незаконски, на лице место излезе овластен градежен инспектор од Општината, кој на сопственикот му кажа да го отстрани нелегално изградениот дел. Доколку тоа не биде направено во законски предвидениот рок, Општината ќе биде приморана тој дел да го отстрани. Градењето е запрено и, уште еднаш ќе повторам, доколку сопственикот самиот не го отстрани во законскиот рок, ние тоа прислино ќе го направиме. Ова важи за сите граѓани на општина Прилеп, без разлика за кого станува збор. Додека сум јас градоначалник, законот за нелегално изградени објекти ќе важи подеднакво сите“, потенцираше градоначалникот Јованоски.

На крајот, градоначалникот Јованоски изрази надеж дека со денешната прес конференција и изнесувањето на виделина на аргументите и вистината, ќе запрат сите клевети, обвинувања и инсинуации од страна на претставници на опозицијата. Во спротивно, како што нагласи, тој ќе биде приморан заштитата и правдата да ја бара кај соодветните институции.

Next Post

Пендаровски: Заштитата на животната средина првпат на дневен ред на идната седница на Советот за безбедност

НАЈНОВО

Фото: МИА

Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

November 2, 2025

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025
Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk