ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Стефоска: Да го чуваме и негуваме делото на браќата Манаки, пионерите на светската кинематографија

October 27, 2020 16:05
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод Светскиот ден на аудиовизуелното наследство, 27 октомври, би сакала да им оддадам почит на браќата Јанаки и Милтон Манаки, кои се вбројуваат меѓу пионерите на кинематографијата во светот. Да го чуваме и негуваме нивното дело, пишува министерката за култура Ирена Стефоска.

„Благодарејќи на овие „медиумски чудотворци”, нашата земја и сиот Балкански Полуостров, коишто во почетокот на XX век беа далеку зад западниот свет во развојот на техниките и технологиите, одеднаш се најдоа во авангардата на документарниот филм, а со тоа и во никулците на седмата уметност.

Има една чудна симболика во првиот кадар што го снимиле Јанаки и Милтон, кој ја прикажува како преде нивната 114-годишна баба. Како што може да се прочита во монографијата Манаки од Игор Старделов, што од неодамна е достапна на порталот на Кинотеката на Северна Македонија: „бабата Деспина го врти роданот, а кај нас почнува да се врти филмот. Роданот потсетува на зоотопот (тркалото на животот), којшто, пак, е предвесник на филмот. Сето тоа му дава повеќеслојно значење на овој историски кадар, со кого што започнува нашата кинематографија”.

Само десетина години по изумот на „апаратот за добивање и гледање на хронофотографски отпечатоци” на браќата Лимиер во Франција, браќата Манаки ги снимија своите први филмови и ни оставија незаменливи сведоштва во кои се запишани фрагменти од нашата историја.

Овој вреден дел од нашето културно наследство мора да го чуваме и да го негуваме. Како што препорачува УНЕСКО, меѓународната организација која одлучи во 1980 година да го прогласи 27 октомври за Светски ден на аудиовизуелното наследство: „Главните напори на сите меморијални институции, но и на пошироката јавност, треба да бидат насочени кон тоа да се зачува овој вид наследство и да се направи достапно за публиката”.

Современите медиуми значително придонесуваат за демократизација и популаризација на архивските материјали преку разни дигитални платформи. Со тоа, несомнено, се подигна јавната свест и започнаа голем број проекти за важноста на дигитализацијата и дигиталната реставрација на овој вид културно наследство.

Но не треба да заборавиме дека и дигитализираниот материјал не е вечен и дека многу бргу застаруваат технологиите за негова поддршка. Затоа, реставрацијата и конзервацијата на старите формати, како што се 35-милиметарскиот филм или магнетните ленти, се, исто така, од исклучителна важност.

Нека им е честит 27 Октомври на сите културни дејци што работат во областа на аудиовизуелните уметности.“, пишува министерката Стефоска.

Next Post

Во Прилеп регистрирани 35 нови случаи од Ковид-19

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

October 23, 2025

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk