ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Бухова: Нема сива зона, сите позитивни и нивните контакти имаат решенија за изолација

October 28, 2020 16:43
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Сите лица кои се позитивни или имале контакт со заболено лице имаат издадено решение за изолација. Сива зона нема. Лицата кои биле контакти со позитивно лице на Ковид 19 можеби со задоцнување ќе го добијат решението поради епидемилошката анкета, а лицата кои се позитивни се законски задолжени да се во изолација се до добивање на резултатот.

Ова го посочи денеска директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата на Инспекцискиот совет.

-Нема сива зона. Од 6-ти овој месец до 11 октомври ДСЗИ има изадад 3924 решенија по основ на позитивни тестови и контакти, од 12 до 18 октомври издадени се вкупно 5243 решенија по двете основи и од 19 до 25 издадени се 6715 решенија за позитивни или лица кои биле во контакт. Системот што го воспоставивме и функционира од 6 октомври веднаш со внесување на позитивно лице информациите ги добиваат и Министерството за внатрешни работи и Царината. Лицата кои биле контакти ќе добијат со задоцнување решение по спроведена епидемиолошка анкета, рече Бухова.

Таа појасни дека секое лице законски е задолжено од времето на тестирањето до добивање на резултатот, без разлика каков ќе биде тој, да биде во самоизолација, а при појава на симптомите да го контактира матичниот лекар.

-Секоја температура и болка во грлото никако не мора да значи дека е инфекција на Ковид. Секој пациент што ќе почувавува било кои од овие симптоми, ќе контактира со матичен доктор кој ќе отвори  боледување не со дијагноза Ковид. Од појава на првите симптоми се додека не утврдиме дека се однесуваат симтомите на инфекција на Ковид доколку треба боледување матичниот ја покрива со соодветна друга дијагноза. Од времето на тетирање до добивање резултат секое тестирано лице е законски задолжено без разлика каков ќе биде резултатот да биде во самоизолација. Со добивање на резултат, за позитивните со решение точно од денот од кога е позитивен матичниот лекар издава боледување, за контактите е доволно и се покрива со решението издадено по основ на контакт, појасни Бухова.

Таа на прашање за тоа дали се вршат контроли во приватните здавствени установи и лаборатории за третман на заболени од Ковид19 и за тестирања, рече дека од февруари ДСЗИ врши интензивно и секојдневно инспекциски надзор во јавни и приватни здравствени установи, каде се вклучени и лабораториите што вршат тестирања, но дека протоколите за лекувањето не ги контролира ДСЗИ, туку тоа се прави со иницирање вонреден стручен надзор кој го врши Министерството за здравство или Лекарската комора.

Next Post

МОН го повлече учебникот Mакедонски јазик за петто одделение поради стереотипни и дискриминаторски содржини

Shortcut

Најново

Петрит Сарачини

Зошто јавноста ги третира поинаку невладините кадри на функции во времето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ? 

August 20, 2026

Филипче: СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието

August 20, 2026
Фото: Влада

Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

August 20, 2026

Филм „Џган“ на Вардан Тозија слави 10 години, проекција на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Крвавиот биланс расте по рускиот напад врз цивилни цели во Кијив: Спасувачите пребаруваат урнатини, има најмалку 14 загинати, според дел од извештаите и повеќе

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk