ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи-Линкевичиус: Северна Македонија да ги почне преговорите без никакво одложување

October 30, 2020 11:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ја цениме принципиелната позиција на Литванија за поддршка на европскиот пат на Северна Македонија, а особено сме благодарни што го препознавате нашиот напор, со добра волја и низ дијалог да ги надминуваме сите отворени прашања до затворањето на преговарачката рамка и до одржувањето на првата Меѓувладина конференција.

Ова денеска го истакна шефот на дипломатијата Бујар Османи на видео-средбата со министерот за надворешни работи на Литванија Линас Линкевичиус.

Министрите, како што соопшти МНР, разменија мислења и за добрососедските односи и за состојбите во регионот.

-Остануваме посветена на негување на добрососедските односи со континуирана имплементација на Договорите со Грција и Бугарија, затоа што преку нив создадовме нова енергија и придонесовме за обновување на интензитетот за проширување на ЕУ со земјите од регионот, подвлече Османи.

Министерот Линкевичиус укажа на безрезервниот и одлучен став на Литванија за продолжување со континуираната и видлива поддршка на нашата европска интеграција, пренесе дека Литванија останува отворена за споделување на искуства во сите области во Европската Унија и во преговарачкиот процес за кои нашата страна ќе покаже интерес.

Во разговорот беа разгледани можностите за продлабочување на соработката на билатерален план, подготвеност за нови твининг проекти, соработка со Литванскиот институт за јавна администрација, економската дипломатија, кризен менаџмент и друга експертска помош. 

Видео средбата е дел од серијата средби што Османи во текот на изминатиот период ги остварува со своите хомолози кои доаѓаат од земјите-членки на ЕУ, сѐ со цел, да се пренесе пораката за првиот приоритет на Северна Македонија – усвојувањето на Преговарачка рамка и одржувањето на првата Меѓувладина конференција на земјата со ЕУ до крајот на годината под претседателството на Германија. 

Next Post

Фаучи: Првите вакцини против Ковид-19 кон крајот на декември или почетокот на јануари

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk