ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Над 300 претставки АЕК во првите девет месеци од годинава, најмногу за висина на сметки

October 30, 2020 16:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во првите девет месеци од годинава 332 претставки од страна на граѓаните биле доставени до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Во првото тромесечје имало 165 претставки, во второто – 79, а во третиот квартал – 88. Бројот на претставки годинава е помал од оној лани кога во истиот период во АЕК пристигнале 464 претставки.

Во овој период најмногу претставки имало за двата големи телекомуникациски оператори – Македонски телеком и А1. Од страна на корисниците на услугите на Македонски телеком  во АЕК се пристигнати 180 поплаки, а за А1 имало 113. За Телекабел Роби имало вкупно 6 претставки, по 2 во секој квартал, за Неотел -3, исто толку и за Тотал ТВ, 2 биле за ИП Систем, а 25 претставки биле за останати даватели на телекомуникациски услуги, информираат од АЕК.

Граѓаните најмногу се жалеле за услугите во мобилната телефонија и тоа најмногу на оние кои се однесуваат на говорен мобилен за што во АЕК во овој период пристигнале 51 претставка. Со поплаки за мобилниот интернет до Агенцијата се обратиле 19 граѓани. Вкупно 30 претставки имало и за проблеми со преносливост на броевите, односно за можноста корисникот да се префрли од еден на друг оператор. Во деветте месеци имало и 7 претставки за услуги во роаминг и тоа 3 за говорен и 4 за интернет во роаминг. За фиксната телефонија, пак, имало 17 претставки- 6 за фиксна телефонија и 11 за фиксен интернет.

Најголем дел од поплаките на граѓаните се однесувале на висината на сметките, односно наплатени услуги кои граѓанинот смета дека не ги добил.

Од сите пристигнати приговори АЕК има усвоено (целосно или делумно) 55. Одбиени се 85, додека 48 се отфрлени поради ненавременост, ненадлежност и слични причини.

Агенцијата за електронски комуникации е втора инстанца во која се обраќаат граѓаните за проблемите со телекомуникациските оператори. Првично, тие законски се должни приговор да поднесат до опараторот кој има обврска да им одговори во рок од 15 дена. Доколку нивниот приговор опараторот го отфрли како неоснован, корисникот на услугите може да се обрати до АЕК со поднесување документација (приговорот до операторот, неговиот одговор и друго). Агенцијата за добиениот приговор од корисникот го информира операторот за кого се однесува преставката, кој во рок од 15 дена треба да достави одговор.

Решението кое низ утврдена постапка ќе го донесе Агенцијата е конечно, но операторот или граѓанинот има можност да го обжали во судска постапка.

Next Post

Собранието расправа по ребалансот, власта и опозцијата спорат за ефектите од антикризните мерки

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk