ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

НАТО донација од 60 респиратори вредни 1,4 милиони евра

October 30, 2020 16:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министрите за надворешни работи и за здравство, Бујар Османи и Венко Филипче, денеска на скопскиот аеродром примија донација од 60 респиратори од НАТО Доверителниот фонд за одговор на пандемија, во вредност од над 1,4 милиони евра.

Тројцата министри изразија благодарност за помошта, која, како што рекоа, е суштинска и неопходна во ова време на пандемија, а воено ја покажува солидарноста на Алијанската со една земја членка на НАТО во моменти кога таа и е најпотребна.

– Денеска можеме да видиме зошто беше многу важно Република Северна Македонија да стане членка на НАТО и да видиме како овој Сојуз најмоќен на денешнината воено-политички сојуз значи солидарност не само на збор, туку солидарност на дело. Денеска на аеродромот во Скопје пристигна дополнителна медицинска помош којашто ја најави генералниот секретар на НАТО уште на почетокот на месецот кога бевме во официјална посета и којашто значи директна помош на нашата држава со опрема којашто е важна во текот на оваа здравствена криза, истакна Шекеринска.

Таа нагласи дека се работи за средства во износ од над 1,4 милиони евра, коишто се донирани од страна на УСАИД, односно на САД, и се дел од НАТО-залихите на медицинска опрема лоцирани во Италија. Помошта пристигна во Скопје со авион на италијанското воздухопловство, финансиран од страна на Луксембург.

– Тоа значи дека неколку земји членки на НАТО функционираа заедно во рамки на Алијансата за да ја добиеме помошта тогаш кога ни е најпотребна, потенцира Шекеринска.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, изрази голема благодарност до Секретаријатот на НАТО и до неговтите членки земји. Тој нагласи дека помошта е навремена, и не е само симболична туку суштинска помош која ќе придонесе во зголемување на капацитетите на системот да се справува со ова зло.

– Живееме во време полно со предизвици. Вирусот е се поприсутен и се поопасен и ова е време кога солидарноста помеѓу луѓето, но и помеѓу државите и сојузниците е најважно. Мислам дека денеска се покажува дека повеќе никогаш нема да сме сами во борбата против кој било непријател, дали невидлив или видлив, потенцира Османи.

Тој, како и минсистеркара за одбрана Шеќеринска, нагласи дека Република Северна Македонија продолжува да чувствува дека е дел и рамноправен член на Алијансата.

– Придонесовме и во заедничкиот фонд на Алијансата со наши средства и еве денеска Алијансата возвраќа со оваа суштинска помош за уште еднаш ќе кажам дека сме благодарни за чувството што ни го даваат на припадност во овој Сојуз, рече Османи.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека симбол на оваа здравствена криза е солидарноста.

 

Според Филипче, сите земји покажаа сите земји што значи да се помага, да се споделуваат искуства, знаења. – Покажа што е вистинската вредност на сојузите во коишто сега сме ние практично рамноправна членка, рече Филипче, кој упати голема благодарност до НАТО, особено до САД кои од почетокот на кризата донираа и заштитна опрема и медицинска опрема, без која, како што нагласи, тешко ќе можеше да се менаџира оваа голема здравствена криза.

– Станува збор за донација на респираторни машини кои се користат за транспорт на пациентите во амбулантните возила од една болничка установа во друга, нешто што значајно ќе го зајакне нашиот здравствен систем во овој сегмент, објасни Филипче.

Next Post

Народната банка: Ги презедовме сите мерки што ни беа на располагање за да ги заштити интересите на штедачите во „Еуростандард банка“

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk