ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Народната банка: Ги презедовме сите мерки што ни беа на располагање за да ги заштити интересите на штедачите во „Еуростандард банка“

October 30, 2020 17:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод протестот на дел од штедачите во „Еуростандард банка“ АД Скопје – сега во стечај, со депозити над законски гарантираниот износ за обештетување од 30.000 евра или со депозити коишто не се предмет на обештетување од страна на Фондот за осигурување на депозити, со цел правилно информирање, би сакале уште еднаш да се обратиме со известување до нив и до целата јавност.

Во рамки на својот мандат и согласно со своите законски надлежности, Народната банка, пред укинувањето на дозволата за работа на „Еуростандард банка“ ги презеде сите расположливи соодветни супервизорски мерки за заштита на интересот на доверителите. Народната банка вложи и огромни напори за сопствениците на „Еуростандард банка“ да го уплатат неопходниот капитал за опстанок на Банката, што ќе беше најповолно решение  за штедачите. Откако беше констатирано дека и од сопствениците, и од потенцијалниот инвеститор посочен од нив нема подготвеност за вложување на потребниот капитал за законито и сигурно работење на Банката, единствениот начин да се заштити интересот на доверителите беше Народната банка да ја укине дозволата за работа на Банката и до надлежниот суд да предложи отворање стечајна постапка.

Со укинувањето на дозволата на Банката се активираше законскиот механизам за брзо обесштетување на осигурените депозити преку Фондот за осигурување на депозити, до законски гарантираниот максимален износ од 30.000 евра, а со отворањето на стечајната постапка, имотот на Банката се стави на располагање на сите доверители.

Во периодот од укинувањето на дозволата до започнување со работа на стечајниот управник, согласно со своите законски надлежности, Народната банка спроведе активности со кои го заштити имотот на „Еуростандард банка“, што е важно за спроведувањето на стечајната постапка во којашто се подмируваат побарувањата на доверителите.

Стечајната постапка којашто ја води стечајниот управник назначен од надлежниот суд, ја следи и контролира Одбор на доверители, којшто има законска можност да се заложи за ефикасноста на постапката. Во Одборот чиишто членови согласно со Закон ги предлага стечајниот управник, може да членуваат и претставник / претставници на штедачите – физички лица со депозити над 30.000 евра, како и претставници на правните лица – депоненти. И стечајниот управник и Одборот на доверители треба да обезбедат што е можно побрзо и поефикасно спроведување на стечајната постапка, од што зависи и наплата на побарувањата на депонентите кои не се предмет на обесштетување преку Фондот за осигурување на депозити. Потсетуваме дека согласно со Закон, Народната банка нема надлежности во спроведувањето на стечајната постапка.

Како што  веќе ја имаме известено јавноста, при поднесувањето кривична пријава до Јавното обвинителство, против поранешни одговорни лица во „Еуростандард банка“ АД Скопје – сега во стечај, Народната банка предложи и преземање мерки коишто се во насока на натамошна заштита на интересите на доверителите на Банката.

Истовремено, потсетуваме дека за сите констатирани индиции за неправилности во работењето на „Еуростандард банка“ коишто се во надлежност на други институции, Народната банка уште пред одземањето на дозволата на Банката има доставено соодветни известувања.

Next Post

Филипче: Маски на отворено мора да се носат, за да се намали бројот на новозаболени и трансмисијата на вирусот

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk