ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

УНИЦЕФ: Училиштата да се затворат последни и само доколку нема други алтернативи

October 31, 2020 12:05
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Училиштата треба да бидат последни што ќе се затворат, а први што ќе се отворат, изјави Патриција ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ во земјава.

„Во време кога земјата се соочува со зголемен број заразени со Ковид-19, најдобриот интерес на децата мора да биде од централно значење при носење на секоја одлука за тоа кога и како училиштата да останат отворени. Земјава направи огромни напори децата да продолжат да учат во оваа пандемија. Додека повеќето деца го продолжуваат образованието преку учење на далечина, одлуката за повторно отворање на училиштата за учениците од 1-3 одделение со препорачаните превентивни и заштитни мерки, претставува позитивен чекор кон намалување на негативните ефекти од продолженото затворање на училиштата“, вели ди Џовани.

Според неа, светските примери покажуваат дека почитувањето на засилените мерки за превенција во училиштата и навременото откривање и изолирање на случаите и нивните контакти, во повеќето ситуации, досега се покажало успешно во спречувањето на растот на бројот на новозаразени.

Во земјава, според податоците објавени од Министерството за образование и наука, од повторното отворање на училиштата, се заразиле само 0,05 проценти од учениците и 0,6 проценти од наставниците што одат во училиште со физичко присуство.

„Ова укажува на фактот дека училиштата веројатно не се главниот двигател на ширењето на Ковид-19, особено кога во нив соодветно се применуваат пропишаните превентивни и заштитни мерки. Освен тоа, глобалните студии за рано моделирање сугерираат дека од сите мерки за социјално дистанцирање затворањето на училиштата не претставува значаен фактор кон намалување на пренесувањето на Ковид-19 во заедницата. Исто така, досегашните студии покажуваат дека кај децата под десет години е помал степенот на распространување на вирусот отколку кај поголемите деца“, изјави ди Џовани.

Оттука, додава таа, кога се размислува дали да се укине наставата со физичко присуство треба да се направи добра проценка за придобивките наспроти ризиците имајќи ги предвид здравствените, образованите и другите социо-економски фактори.

„Она што со сигурност го знаеме е дека затворањето на училиштата има јасни негативни ефекти врз здравјето, образованието и развојот на децата, семејниот приход и вкупната економија. Затоа, повикуваме училиштата да бидат последни што ќе се затворат, а први што ќе се отворат кога за тоа ќе се создадат безбедни услови. Затворањето на училиштата треба да се разгледува единствено тогаш кога нема други алтернативи“, вели ди Џовани.

Next Post

Мицкоски бара бесплатни ковид тестови еднаш месечно за негувателки, учители и наставници

НАЈНОВО

Во Битола почнува 33. ИФАДФ „Камера 300“ во знакот на 120 години од првиот филм на браќата Манаки

October 31, 2025

МЗ: Продолжува процесот на континуирано стручно усовршување на докторите по стоматологија

October 31, 2025
Скриншот

Барселона се враќа на „Камп Ноу“ на 7 ноември за отворен тренинг пред 23.000 навивачи

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk