ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Анѓушев: Изградбата на гасоводот со Грција е клучен проект

Изградбата на гасен интерконектор помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција е клучен енергетски инфраструктурен објект со кој се обезбедува повисока конкурентност за снабдување со природен гас, порача вицепрмеиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на панелот „Енергетски безбедносни предизвици во Источниот Медитеран“, што се одржа во рамките на Самитот во Солун

November 15, 2019 12:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Изградбата на гасен интерконектор помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција е клучен енергетски инфраструктурен објект со кој се обезбедува повисока конкурентност за снабдување со природен гас, порача вицепрмеиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на панелот „Енергетски безбедносни предизвици во Источниот Медитеран“, што се одржа во рамките на Самитот во Солун, пренесе МИА.

– Во моментов се реализират градежни работи за комплетирање на примарниот гасоводен систем во Северна Македонија, со кој во системот ќе бидат поврзани сите поголеми градови во земјата, но за да биде комплетен проектот за гасификација, потребно е да се обезбеди и дополнителен снабдувач со гас, покрај моменталната гасоводна цевка со која се обезбедува гас од Република Бугарија. Токму поради тоа во насока на подигнување на конкурентноста во снабдувањето, изградбата на гасоводот со Грција е клучен проект, рече Анѓушев.

Република Северна Македонија, посочи тој, е подготовена да започне со овој проект, обезбедени се финансиски средства, изработена е физибилит студијата, проектирана е трасата и во тек е изработката на основниот проект и студујата за заштита на животната средина кои ќе бидат готови наскоро, а јавниот повик би требало да се објави на почетокот на 2020 година.

Осврнувајќи се на проектите поврзани со електричната енергија, вицепремиерот посочи дека за стабилноста на енергетските системи е важно да се дискутира за енергетската инфраструктура, изворите за производство на електрична енергија, како и за либерализација на пазарите.

– Сметам дека преносните електроенергетски системи на Балканскиот Полуостров се сосема добро развиени да обезбедат сигурност на мрежата, но колку повеќе преносни мрежи имаме, дотолку подобро, за да ги обезбедиме и прекуграничните капацитети помеѓу земјите, рече Анѓушев.

Кога зборуваме за изворите за производство на електрична енергија во светот, додаде, сега се користи терминот „енергетска транзиција“, кој подразбира премин од конценционалните извори, како централи на јаглен или друг вид на фосилно гориво, во производство од обновливи извори (ОИЕ).

– Сметам дека Северна Македонија е добар пример на земја која започна да ја применува оваа транзиција, во моментов се одвиваат проекти за зголемување на производството од фотоволтаични централи, на принцип на премиуми. Изненаден сум од интересот и подготвеноста на инвеститорите, кои не само што се подготвени да градат фотонапонски електрани по минимални премиум тарифи, туку и се подготвени да градат без никаков премиум, па и да се наддаваат за да ја добијат локацијата за изградба на ваков тип централа, посочи Анѓушев.

Покрај зголемувањето на производството од фотоволтаици, потенцира вицепремиерот, работиме и на зголемување на производството од ветернии електрани и од мали хидро централи, од кои веќе над 70 се во функција, а околу 35 во градба.

– Од моменталните 100 мегавати инсталирана моќност од обновливи извори, со проектите кои ги планираме и реализираме ќе стигнеме до инсталирана моќност од околу 400 мегавати, што е за четири пати повеќе, посочи вицепремиерот Анѓушев.

Тој нагласи дека во догледна иднина го гледа регионот на Југоисточна Европа како единствен пазар на електрична енергија, со една берза за струја, што ќе донесе бенефит за сите граѓани во сите земји од регионот.

Next Post

Заев од Солун: Направивме договори за стратешко партнерство, отвораме широк простор за бизнисот

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk