ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Од вторник во Австрија „локдаун“ и полициски час

October 31, 2020 19:33
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Австриската Влада вечерва одлучи да спроведе „заклучување“ по вторпат оваа година, поради драматичната епидемиолошка состојба, од вторник, 3 ноември, со полициски час од 20 до 6 часот наутро.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц на прес-конференција рече дека во последните 48 часа, владата разговарала со социјалните партнери, претседателот, претседателите на покраините и парламентарните партии за мерките потребни за да се спречи преоптоварување на одделите за интензивна нега.

Курц рече дека Европа се соочува со масивен втор бран на пандемијата, поради што многу европски земји веќе спроведуваат „локдаун“.

И во Австрија, додаде тој, има постојан експоненцијален раст на новозаболени лица, кој експлодираше минатата недела.

– Австрија дефинитивно го има најдобриот здравствен систем во светот, но има и ограничени капацитети. Честопати слушам овие денови дека многу луѓе велат дека оние кои се заразуваат со коронавирус немаат или имаат само благи симптоми. Тоа е точно, но еден процент од граѓаните имаат тежок развој на болеста со потреба од интензивна нега. Ако не постапиме сега, тогаш нашите капацитети за интензивна нега ќе бидат преоптоварени, како и во другите земји, што значи не само одложување на планираните операции, туку и факт дека нема да имаме доволно кревети за лекување, дека лекарите ќе  мора да одлучуваат дали ќе примат ковид пациент или жртва на несреќа или друг пациент на интензивна нега. Ние нема да го дозволиме тоа, рече тој.

Курц најави дека второто „заклучување“ на Австрија ќе се спроведе од вторник до крајот на ноември, што значи дека нема да може да се одржуваат настани, како што се културни, спортски или забавни, хотелите нема да можат да работат, освен за деловни патници, со исклучок за достава.

– Со цел да ги ублажиме економските последици, усвоивме и економски пакет, кој предвидува да компензираме 80 проценти од прометот од истиот период минатата година, со обврска овие компании да не смеат да ги отпуштаат своите вработени, рече Курц, потенцирајќи дека таа мерка е посебно потребна во секторите гастрономија, култура и сектор за забава.

Покрај тоа, договорено е продолжување на работата со скратено работно време, како и барање за работа од дома каде што е можно./MИA/.

Next Post

Рекордни 1.085 нови случаи на Ковид 19, починати се 12 лица

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk