ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

За еден адвокат со човечки својства

November 1, 2020 12:15
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Срѓа М. Поповиќ

Срѓа М. Поповиќ

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Поводот за овој текст, ако сакате наречете ја „инспирација“, лежи во фактот дека пред неколку дена, поточно на 28-ми октомври навршуваат седум години од смртта на двајца исти, а сепак страотно различни личности кои мене ми беа ужасно важи, и личности кои во голема мера ја дефинираа онаа политичка и граѓанска сцена на целиот бившојугословенски простор. Едниот се викаше Срѓа Поповиќ – „адвокат со човечки својства“, а другиот Александар Тијаниќ. И каква врска има Македонското општество со овие луѓе? Практично никаква, освен, можеби, во нејзиното…

Ако ги занемариме стандардните животни факти: беше роден во Белград 37-мата година од минатиот век, беше човек што потекнуваше од добростоечка адвокатска фамилија, неоптоварен со финансиски проблеми, силно образуван и противник на секоја врста на доминантна идеологија, го красеше лично достоинство, човечност и интелектуален суверенитет, Срѓа Поповиќ ќе ни заличи на човек што не припаѓа на овој балкански континент. За волја на вистината, за мене лично тоа беше човек што многу немаше врска со своите сограѓани кои го опкружуваа; велам, беше натпросечно образован, адвокат по професија, а таквата позиција во нашите мали и бедни паланки воопшто не се почитува, малтене се презира, затоа што сите, дури и интуитивно, знаеја дека такво нешто повеќе нема да се повтори, практично како да се работи за некаков инцидент кој повеќе нема да се случи затоа што ништо не му оди во прилог на таквото тврдење.

Во некои посредени, побогати, а можеби и посреќни култури постоеја писатели, филозофи, уметници, научници кои го претставуваа човечкото достоинство, непретенциозно господство и суверен интелектуален отпор што го поробува човекот во име на било што „поголемо“ од него самиот. Од таква мала и бедна култура излезе еден Мазовјетски, Гомбрович, Колаковски… Има импресивни луѓе и во наша балканска култура, не велам не, ама на дланка, да ги наброиш на прсти на една рака; останатите, кои би можеле да се кандидираат, секогаш нешто фундаментално им недостига, или во самата би(бли)ографија нешто би стрчело, би се појавила некоја гадна грпка заради која сепак не би можеле да конкурирате во такво друштво.

Затоа можеби еден беше најблизок, а кој по професија беше – може ли да замислите? – адвокат: човек од кој, заради некаков луд стереотип, не очекуваме некаква прониклива и интелектуална величина, па дури ниту морална или граѓанска врелина кој ќе нè oстави без здив, туку некоја релативно обична, „здраворазумска памет“ колку да ни се најде во неволја.

Срѓа Поповиќ беше голем адвокат, ама можеби нам тоа нема да ни значи многу: има и други големи адвокати, ама никому ништо. Но, Срѓа Поповиќ низ долги и тешки епохи беше многу повеќе од тоа: една од неколкуте релевантни константи на граѓанскиот, човечкиот, а дури потоа репрезент на професионалното достоинство во борба со силеџиската држава и парадржавните фаланги настапувајќи во име и за сметка на перверзните и патолошки идеологии, прво оние „леви“, а потоа и оние „десни“; ако ја гушнеше било која од нив, а против друга се побунеше, би бил само еден од сите наши, како да ги наречам, „дисиденти од втора лига“, а можеби и не би било тоа Срѓа Поповиќ. Би бил малечок и незначаен Еveryman, еден од оние луѓе за сите режими и сите епохи. Наместо тоа, во времето кое се нарекуваше социјализам или комунизам, Срѓа настапуваше како адвокат тврдоглаво инсистирајќи на слободарските прокламации на репресивниот режим, и така погодувајќи го во најслабата точка, затоа што добро знаеше дека натегањето околу идеолошките прашања и останато метафизицирање со некој што во рака држи пендрек, не е баш од некоја особена помош.

Некаде 89-та година, тогаш кога падна оној sид, и кога на овие простори настапи дивјачи, разорен национализам, Срѓа беше еден од оние луѓе кои меѓу првите разбра за што тука станува збор. И во пркос на тие дивјаштва, Срѓа одеше до крај. Во таквото препознавање овој човек го посвети сиот свој животен век. За тоа сведочи неговиот јавен ангажман, покрај осумдесетите, додека се спремаше големата Апокалипса (големата буква не е случајна), со несмален интензитет продолжи и во деведесетите, од самоизбрана емиграција, па до двеилјадитите, па се до враќање во земјата и градот што го познаваше и за него се грижеше многу повеќе од безбројните патриоти по општа пракса.

За сè тоа сведочат неговите текстови и книги. Некои други култури, велам, го имаат Кундера, Жижек или Колаковски. За мене овој адвокат (човек што си го преземам за свој) влијаеше многу повеќе од сите оние кои зборуваа и пишува, влијаеше толку силно што ми се чини дека никој така добро не ги пишуваше загонетките во зборовите како што тоа го правеше Срѓа.

Не знам дали знаете, во Кавадарци секоја сабота ми носат еден примерок на белградско „Време“, првиот независен и приватен медиум што излезе во посткомунистичка Србија. Погодувате: Срѓа Поповиќ беше основач на неделникот „Време“. Никогаш Срѓа Поповиќ не влијаел во овој неделник, ниту посредно, ниту непосредно, ниту некогаш му паднало на памет да ја уредува политиката на неделникот „Време“. Како човек што јасно стои на земја, Срѓа Поповиќ секогаш зборуваше – барем колку што успевам да проникнам – за самата суштина, секогаш зборуваше за самата идеја, а не за човекот што ја застапува. Единствено така треба, единствено така е исправно.

Овие денови ги исчитувам некои текстови на Срѓа, гледам некои негови слики, некои негови јавни трибини, ги исчитувам повторно луѓето кои ги бранеше во тешки времиња, ги запишувам во нотес имињата на оние луѓе кои во тоа време беа поинакви, други – да бидат свои, да бидат поинакви, да зборуваат и прават што им е волја, се додека таквото однесување не повредува други луѓе. Такви луѓе Срѓа Поповиќ ги бранеше, таквите ги штитеше, за такви луѓе овој човек живееше: за различни, за свои, за луѓе со став. Ако се родам повторно, и ако баш запнам да се родам токму овде, во оваа и ваква Македонија, сигурен сум дека ќе се качам на автобус и ќе тргнам да го барам тој фамозен адвокат кој работеше и живееше на некои петстотини километри од мојата куќа, оти луѓето се бараат едни со други според својствата, зарем не?


Сите права се задржани. Текстот е личен став на авторот

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мастрафот си ти

May 10, 2025
Фото: Муцунски на X

Муцунски дел од министерскиот состанок на Специјалниот трибунал за злосторство агресија против Украина; Амбасадорката Дир се заблагодари за поддршката

May 10, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп: Индија и Пакистан се согласија за целосен прекин на огнот по разговорите со посредство на САД

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk