ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Хасан: Турција е еден од најголемите инвеститори во Северна Македонија

Бизнис климата во Северна Македонија е навистина привлечна за странски инвеститори, а изборот на овие компании е доказ за тоа. Северна Македонија отсекогаш и во секој поглед добива поддршка од Турција, поврзаноста на двете земји и народи уште од минатото продолжува до денес, Турција е еден од најголемите инвеститори во Северна Македонија, а бројката очекуваме да расте, посочи министерот Елвин Хасан

November 15, 2019 13:48
in ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан денеска во Гевзе, Турција оствари средби со две турски компании кои имаат реализирано инвестиции во Северна Македонија.

На средбата, како што соопшти прес-службата на министерот за странски инвестиции, a пренесе МИА, било изразено задоволство од соработката, од двете страни, а министерот Хасан им укажа дека тие се само почетокот на она што следи, а тоа се новите инвестиции кои ќе се реализираат преку нив.

– Бизнис климата во Северна Македонија е навистина привлечна за странски инвеститори, а изборот на овие компании е доказ за тоа. Северна Македонија отсекогаш и во секој поглед добива поддршка од Турција, поврзаноста на двете земји и народи уште од минатото продолжува до денес, Турција е еден од најголемите инвеститори во Северна Македонија, а бројката очекуваме да расте, посочи министерот Елвин Хасан.

Пурпласт е компанија од автомобилска индустрија, која скоро потпиша договор за закуп на градежно земјиште. Фабриката ќе се гради во ТИРЗ Скопје 2, а ќе почне со работа наредната година. Пурпласт имаат свои фабрики во Република Турција, а компанијата која ќе ја градат во Северна Македонија им е прва инвестиција надвор од Турција. Почетната инвестиција ќе биде пет милиони евра, а ќе се отворат 100 работни места во првата фаза, се очекува да се развиваат повеќе фази. На средбата беше споделено дека Северна Македонија се покажала како најдобар избор во конкуренција со пет други земји кои биле разгледувани за реализирање на оваа инвестиција. Министерот Елвин Хасан го истакна своето задоволство од изборот кој го направиле и им се заблагодари за дадената доверба.

Втората компанија е за производство на жици и кабли која произведува за автомобилски потреби. Мурат Тиџарет Кабло е компанија која во 2017 година почна со градење на компанија во ТИРЗ Скопје 1. Нивната инвестиција чинеше 6,6 милиони евра, а имаат вработено 300 лица.

Next Post

ДКСК со иницијатива до Заев да утврди одговорност кај Анѓушев за акцизите на литиум јонски батерии

НАЈНОВО

Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Судијка трајно го блокира распоредувањето на Националната гарда во Портланд

November 8, 2025

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК

November 8, 2025

ЛДП ќе бара поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk