ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ДКСК со иницијатива до Заев да утврди одговорност кај Анѓушев за акцизите на литиум јонски батерии

Државната комисија за спречување на корупција на денешната 24 седница со четири гласа „за“ и два „против” донесе одлука за поднесување иницијатива до премиерот Зоран Заев за отворање постапка за утврдување одговорност против вицепремиерот Кочо Анѓушев, при носењето на владината одлука за намалување на акцизата за увоз на литиум јонски батерии

November 15, 2019 13:56
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупција на денешната 24 седница со четири гласа „за“ и два „против” донесе одлука за поднесување иницијатива до премиерот Зоран Заев за отворање постапка за утврдување одговорност против вицепремиерот Кочо Анѓушев, при носењето на владината одлука за намалување на акцизата за увоз на литиум јонски батерии, пренесе МИА.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, образложи дека врз основа на добиената документација и интервјуто направено со Кочо Анѓушев, предметот може да се подели во две фази. Во првата фаза има барање од фирмата „Брако“ да се намали или укине давачката за литиумски батерии до Стопанска комора, а во втора фаза доаѓа писмо за интерес за странска инвестиција проследено до повеќе институции, што произлегува од остварена средба на Анѓушев со полската фирма „Полмод“, што би била извезувач на овие батерии.

– Лицето Кочо Анѓушев поднел известување до Влада дека се иззема од расправата за мерката во првата фаза, но ова лице нема поднесено изјава за изземање во втората фаза, каде има приватен интерес, изјави Ивановска.

На одржаната 36 седница на Влада, продолжи Ивановска, каде се разгледува одлуката Анѓушев е присутен и учествува со давање свој предлог како да се дополни за точката биде прифатена.

– Констатирам дека Анѓушев се наоѓал во судир на интереси и предлагам да се достави иницијатива до премиерот на Влада за покренување постапка бидејќи учествувал во расправа во која имал приватен интерес и не се изземал, изјави Ивановска.

Некои од членовите на ДКСК, кои гласаа против, посочија дека не се сосема убедени дека постои прикривање и злоупотреба. Според нив, Анѓушев не го прикривал и го пријавил постоењето на судир на интереси, и одговорноста за негово исклучување од седницата е на тој што ја водел расправата и службите, кои требале да го предупредат.

Во дебатата, директорката на ДКСК, нагласи дека Законот е јасен и одговорно лице треба да пријави и да се изземе кога постои судир на интереси и клучното прашање е дали имал интерес од Одлуката за намалување на царината од 15 на 0 проценти.

– Кога се работи за сопствен интерес требал да се изземе, исто како што се изземал кога предлогот одел од Стопанаката комисија, изјави Ивановска.

Владата во соопштението од 36 седница, одржана на 7.11.2017 година наведува дека:
донела одлука за укинување на царинската стапка за електрични литиум јонски акумулатори. На седницата беше појаснето дека од царинската давачка за овие акумулатори ќе бидат ослободени само производителите на машини и други производи што користат вакви батерии, но не и трговците со вакви производи, се вели во соопштението објавено од владината прес служба по одржаната седница.

Next Post

Столтенберг: Членките на НАТО мора да обезбедат сигурен начин на комуникација

НАЈНОВО

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

November 9, 2025

Дијана Хрка му одговори на Вучиќ: Нема да му простам

November 9, 2025
ВИ

Издадено предупредување за цунами во Јапонија по земјотресот од 6,8 степени

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk