Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев објави статус со контроверзна содржина на социјалните мрежи. Во најновата објава пишува „Северџанските гнаси Димитров и Османи ноќва го шиткаат македонскиот јазик во Берлин!!! Ако ова не помине без радиклаизација на политичката сцена, ондак децо, ние не заслужуваме да имаме држава!
Во неколку наврати Апасиев споделува објави со навредлива содржина, говор на омраза и вулгарности.
Исто така, Апасиев во сепетември се обрати кон новинар со зборвите „Ај бркај работа“.
Откако Апасиев се обиде да постави контра прашање, новинарот Ф. Салиу реагираше дека тој е тука да одговара на прашања, не да поставувa.
Граѓанската активистка Мерсиха Смаиловиќ, по изјавата на Димитар Апасиев, којшто беше повикан во ОЈО заради ширење расна, верска и етничка омраза и нетрпеливост, на својот Фејсбук профил ја обзнани кривичната пријава против Апасиев и ги повика судските органи да постапат по ова прашање. Апасиев исто така поднесе кривична пријава против Смаиловиќ.
И.З.