ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бугарските барања не се вклучени во преговарачката рамка, се чека исходот од берлинскиот состанок

November 3, 2020 16:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дипломатски извори од земји членки во Брисел за МИА објаснуваат дека сѐ уште се води битка на амбасадорско ниво од страна на Бугарија во нацрт заклучоците да влезат дополнителни забелешки, но, барем засефа, бугарските барања не се прифатени, јави дописничката на МИА од Брисел.

Сега останува да се види дали вчерашната средбата во Берлин ќе вроди со конкретен плод на утрешниот амбасадорски состанок во Брисел, кога земјите членки ќе треба да ги усогласат своите позиции во пресрет на министерскиот Совет на кој треба да биде донесена конечната одлука за усвојување на преговарачката рамка со Северна Македонија.

Ако се постигне договор до утре, амбасадорите на земјите членки ќе можат да ја усвојат преговарачката рамка, а во спротивно тие повторно ќе се состанат на оваа тема в петок, со надеж дека до тогаш ќе се надминат разликите и ќе се отвори патот министрите на 10 ноември да дадат зелено светло на документот.

Како што и е веќе познато, Бугарија негодува за јазикот како и за употребата на кратката форма на името, Северна Македонија, и бара да се користи конзистентно „Република Северна Македонија“, за да се „спречат иредентистички тенденции“. Ова барање, како и другите, не наишле на експлицитна поддршка од земјите членки на ЕУ, дури ни оние со крупни резерви кон проширувањето на Европската Унија.

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ на последниот состанок минатата недела усогласиле текст за преговарачката рамка со Северна Македонија, во која не фигурираат барањата на Софија поврзани за јазикот, идентитетот и историјата, но Бугарија продолжува да лобира за измени, објаснуваат од Советот на ЕУ за МИА.

Според информациите до кои дојде МИА во Брисел, Бугарија има забелешки за делот од текстот во преговарачката рамка поврзан за добрососедските односи. За сега, нацрт текстот гласи дека добрососедските односи се суштински елемент на процесот на проширување и се бара од Северна Македонија да продолжи да ги негува односите со своите соседи и да продолжи да ги спроведува договорите со Грција и Бугарија во дух на доверба, брифираат повеќе дипломати од земји членки.

На последниот амбасадорски состанок во Брисел минатата среда, , бугарскиот претставник ги пренел барањата на неговата Влада да бидат додадени неколку елементи во преговарачката рамка како спроведување на билатералниот договор за пријателство „без одлагање и целосно“ како „предуслов“ за проценување на напредокот на Северна Македонија во преговорите за членство во ЕУ. Побарано било и да се додаде реченица поврзана за спречување на „погрешно толкување“ на историјата, велат дипломати од земји членки присутни на состанокот.

Македонската страна, според домашните политичари, е подготвена на компромис кој нема да задира во суштинските идентитетски прашања, велат од Скопје, и е подготвена да и даде гаранции на Софија дека посветено ќе работи на имплементација на Договорот за пријателство.

За германското претседателство ова прашање е од врвна важност, и од самиот почеток Берлин смета дека Северна Македонија мора до крајот на оваа година да ја одржи првата меѓувладина конференција, став поддржан од огромното мнозинство земји членки кои Скопје го сметаат за пример за целиот регион.

Next Post

Како последица од коронавирус почина 26-годишно момче од Кавадарци

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk