Пенсилванија не е веќе меѓу одлучувачките држави како што се проценуваше пред денот на гласањето за претседател на Соединетите Американски Држави. Одлучувачки, уште вечерва до утринските часови ќе бидат Аризона и Невада, каде, доколку успее да го сочува водството, демократот Џо Бајден може да прогласи победа на претседателските избори.
Ова му го овозможија победата во двете клучни држави, Висконсин и Мичиген каде се изброени 99% односно 97% од гласовите и Бајден веќе обезбеди победа.
Моментално, кандидатот на Демократската партија има добиено 253 делегати, а за конечна победа му се потребни 270. Аризона бира 11, а Невада 6, со кои вкупно Бајден ги добива потребните 17 делегати.
Во овие две држави тој е во водство, но ако се гледаат подеталните податоци, најголем дел од неизброените гласови се токму во градовите каде Бајден е во водство, а само една е во корист на Трамп.
– Во Аризона, градот Апачи Каунти се изброени само 63% од гласовите а таму Бајден води со 2:1 или 34% разлика, додека во Кочиз Каунти каде се изброени 76% од гласовите, Трамп е во предност за помалку од 3%. Во сите други градови во оваа држава, каде се изброени до 70-80 отсто од гласовите, води демократот Џо Бајден.
– И во државата Невада надежта е поголема за Бајден. Од градовите каде што има уште неизброени гласови, тој води во тие со поголем број гласови. Како пример е Кларк Каунти каде се изброени 84% а Бајден води со 60.000 гласови, а до сега добил 422.762. Во Даглас Каунти, каде што се изброени 82%, претседателот Трамп води со околу 8.000 гласови, а таму добил досега 17.985 што покажува огромна разлика во бројот на гласови.
Втор по големина во Невада е Вашу Коунти каде од 89% изброени гласови, Бајден добил 117.699 гласови и води со 4%, а во градовите со ист процент изброени гласови каде води Трамп, тој до сега добил досега околу две односно три илјади гласови.
Овие податоци покажуваат дека Бајден се надева да го сочува водството во градовите каде што сѐ уште има десетици илјади неизброени гласови, додека Трамп се надева на градови каде треба да се бројат уште стотина гласови во секој од градовите.
А. Зеќири