Кандидатот за претседател на САД, Џо Бајден, имаше обраќање во кое нагласи дека иако „се уште немаме конечна потврда за победа, броењето на гласовите низ САД ни укажува за јасна и убедлива приказна: Ќе победиме во оваа трка.
Бајден ги добива 270-те изборни гласови потребни за да го порази претседателот Доналд Трамп, според проекциите на АП, со критичните Мичиген и Висконсин кои сега одат во прилог на поранешниот потпретседател.
Бајден во моментов е во водство во клучните држави Пенсилванија, Џорџија и Невада, каде продолжи пребројувањето на гласовите.
– Погледнете ги броевите на национално ниво. Ќе ја добиеме оваа трка со јасно мнозинство од нацијата зад нас, рече Бајден.
– Добивме над 74 милиони гласови…Тоа е повеќе од кога било за претседателски билет во историјата на САД… Никогаш не заборавајте дека тоа не се само бројки. Тие претставуваат гласови и гласачи, мажи и жени кои го искористија своето фундаментално право да им се чуе гласот, нагласи Бајден.
При обраќањето до него беше сенаторот Камала Харис.
– Она што станува се појасно во секој час е дека рекорден број Американци од сите раси, вери, религии избраа промени. Тие ни дадоа мандат за акција за Ковид-19, економија, климатски промени, системскиот расизам. Тие јасно го ставија тоа до знаење. Тие сакаат земјата да се обедини, а не да се распаѓа. Народот го кажа своето.
Бајден рече дека знае дека „тензиите се високи“. Според него, тие можат да бидат високи и по тешките избори.
– Треба да запомнеме да останеме смирени и да дозволиме процесот да се одвива.Демократијата работи. Вашиот глас ќе биде преброен. Не ми е гајле колку луѓето тешко се обидуваат да го спречат тоа. Јас нема да дозволам тоа да се случи. /МИА/