Неизвеноста во трката на претседателските избори ја пролонгира судијата Самјуел Алто од Врховниот суд на САД.
Судијата на Врховниот суд на САД, Самјуел Алто им нареди на изборните комисии во Пенсилванија да ги одвојат гласовите што пристигнале по пошта.
Алто привремено го одобри барањето на Републиканската партија во кое се бара судска наредба до сите 67 изборни комисии во Пенсилванија да ги освојат гласачките ливчиња за претседателските избори пристигнати по пошта по изборниот ден, 3 ноември.
Уште во пет сојузни држави – Пенсилванија, Џорџија, Невада, Аризона и Северна Каролина не се објавени резултатите од претседателските избори.
Пенсилванија (20 електорски гласови), Џорџија (16), Невада (6), Аризона (11) и Северна Каролина (15). Бајден води во секоја од нив, освен во Северна Каролина, каде Трамп е во предност.
Џо Бајден во Аризона е во предност пред Трамп со 29.861 гласови, јавува Си-Ен-Ен.
Во Невада која носи 5 електорски гласови предноста на Бајден пред Трамп е 22.657 гласови.
Бајден во Џорџија сега е во предност во однос на Трамп со 7.248 гласа, кој водеше пред да стигнат гласовите испратени по пошта.
Во Пенсилванија, државата со 20 електорски гласови, Бајден во моментов е во водство пред Трамп со 28,833 гласови.
Бајден вкупно досега има 74.391.033 гласови, најмногу во историјата на САД што освоил еден претседателски кандидат, а Трамп заостанува зад Бајден со повеќе од 4 милиони гласови.
За влез во Белата куќа, еден од двајцата кандидати треба да освои најмалку 270 електорски гласа од вкупно 538 електорски гласови.
Бајден засега има 253, а Трамп 213 електорски гласови.
Ј. Ѓ.




