ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Белкиса Зеќири: Следува ново зголемување на платите на здравствените работници

November 7, 2020 12:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ и институциите што ги предводи и пред пандемијата со коронавирусот, започна со реализација на реформа на здравствениот систем, за унапредување на условите за работа на здравството и обезбедување подобри услуги за граѓаните, истакна на денешната прес-конференција пратеничката од СДСМ Белкиса Зеќири.

Таа додаде дека санирањето на хаосот наследен во здравството, предизвикан со 11-годишната негрижа на ВМРО-ДПМНЕ, со вложување во здравствените институции и пред се во човечкиот капитал се покажа како клучен фактор за добро  менаџирање на најголемата здравствена криза досега.

„За разлика од неодговорното владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога се погазуваше трудот и стручноста на здравствените работници, СДСМ континуирано вложува во човечкиот капитал во здравството.

За три години, со контиунуирано покачување ја зголемивме основната плата на лекарите специјалисти за 40%, на општите лекари за 25%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23% на сестрите што работат на клиниките, за 5% на здравствени соработници и на помошно-техничкиот персонал.

Покачувањата на платите во здравството продолжуваат. Веќе во следната година следува покачување на платите за 10 отсто. Нашата намера е платите во јавното здравство до 2024 да бидат за 40 отсто повисоки од денес, преку зголемување од 10 отсто секоја година.

Истовремено со покачување на платите во здравството за 4 до 5 пати се зголемени коефициентите за дежурства на здравствените работници, а за 15% е зголемен капитациониот бод на матичните лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија.

За периодот 2019-2022 година се одобрени 931 спрецијализација и 130 субспецијализации, кои се финансираат со средства обезбедени од јавните здравствени установи.

Очигледна е разликата помеѓу одговорниот однос на СДСМ кон здравството и расипничкото и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

Како одговорна партија продолжуваме со инвестиции во јавното здравство. И во време на пандемија вложуваме и ја унапредуваме здравствената заштита.“, рече Белкиса Зеќири,

 

 

Next Post

Во текот на 2021 година целосно реконструирана и во полн сјај Универзална сала

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk