Денес започнавме со третата интервенција за унапредување на заедничките простори во студентските домови, заедно со MELEEM Скопје и Здружение на Правници ЛЕГАЛ Тинк на Македонија финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија, објавуваат од Младински форум (МОФ).
Оваа интервенција се случува во Студентскиот Дом „Браќа Миладиновци“ во Штип, по оние спроведени во СД „Пелагонија“ во Скопје и СД „Кочо Рацин“ во Битола, стои во објавата од МОФ на Фејсбук.