Откако со победата во сојузната држава Пенсилванија и освоените 20 избирачки гласови, Џо Бајден ги освои потребните повеќе од 270 изборни гласови и е 46. претседател на САД, тој преку Твитер се обрати до нацијата:
„Америка, почестен сум што ме избравте да ја водам нашата голема земја.
Работата пред нас ќе биде тешка, но ви го ветувам ова: Јас ќе бидам претседател на сите Американци – без разлика дали гласавте за мене или не.
Јас ќе ја задржам вербата што ја ставивте во мене.“, напиша Бајден
America, I’m honored that you have chosen me to lead our great country.
The work ahead of us will be hard, but I promise you this: I will be a President for all Americans — whether you voted for me or not.
I will keep the faith that you have placed in me. pic.twitter.com/moA9qhmjn8
— Joe Biden (@JoeBiden) November 7, 2020
Пред да стане кандидат за претседател на Демократската партија, Бајден беше потпретседател во времето на поранешниот претседател Барак Обама. Тој исто така беше сенатор во Делавер.
Во текот на целата своја кампања, Бајден тврди дека „душата на нацијата“ е доведена во прашање и вети дека ќе се обиде да залечи земја скршена од претседателството на Трамп.
Ј. Ѓ.