ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Сè повеќе апели до приватните болници да не профитираат од заболените од ковид-19

November 9, 2020 12:31
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter
Се замолуваат Приватните клиники да престанат со наплаќање на 10.000 + евра за АнтиКовид 19 Терапија (лечење). Едноставно ова е и воено профитерство. Ве замолуваме престанете со овие астрономски цени,  се вели во објавата на фејсбук групата Хуманитарни акции во Македонија.

Ова не е прв апел за намалување на цените за лекување од ковид-19.  Пред неколку дена  медициснкиот техничар Денис Јанкуловски, суптилно и без напади, ги повика приватните болници да ги примат пациентите кои бараат да бидат примени во приватните болници, да бидат хумани и да покажат дека борбата е заедничка.

„Деновиве зачестено се посакува приватните болници да отстапат дел од капацитетите во интерес на ковид заболените. Поразителноста е огромна што се губи време кога секоја минута е драгоцена.
Без да ме разберат погрешно менаџерите, вработените и газдите на приватните болници а со цел да ме разберат дека воопшто немам намера да се мешам и сугерирам во нивната политика вака јас размислувам.

Цената на еден болнички ден е во многу евра и за таа сума верувам дека нивните пациенти добиваат одлично сместување, болнички третман и сигурно дневен избор од мени со превкусни јадења. Па за да бидат примени пациентите кои би биле на товар на фондот еве нека доручкуваат кифла и јогурт, за ручек нека е супа од петел и ориз, за вечера нека е кроасан со чај.

Не мора никакви посебни оброци да добијат, нека биде фондовско мени.
АМА ПРИМЕТЕ ГИ!

Не дозволувајте да поминат уште денови во предлагања, планирања и очекувања. Хуманоста се покажува во вакви моменти. И најубаво е ако биде искрено искажана а не да треба да биде со наредба.
Не се гледа на добивката која верувам дека и така ја имате и повеќе од доволно. Сите на некој начин имаме загуба дали временска, дали материјална, образовна или друг вид.
Секоја загуба, па и паричната е надоместлива.

Но не и човечката. Таа е неповратна. Животот нема повратна карта. Но вие можете да се вклучите и да им го одложите прераното искористување на таа карта на многумина.
Затоа да бидеме сите хумани и во функција на здравството, заштитата на човечкиот живот и на што побрзото излегување од оваа доооолга и тешка ситуација. Да ги обезбедиме сите потребни капацитети за нашите сограѓани. Секој од нив сме и самите ние.

А тоа би успеало успеало само ако е ЗАЕДНО,“ напиша Јанкуловски.

Next Post

(ВИДЕО) „Експерти“ за корона вирус: Бил Гејтс по гаќи е шеф на СЗО, игра на глобалисти и чипирање

Shortcut

Најново

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk