ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Онлајн промоција на книгата „Ние наспроти другите: Симболички поделби во Северна Македонија“

November 10, 2020 09:42
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК) организира онлајн промоција на книгата „Ние наспроти другите: Симболички поделби во Северна Македонија“, во уредништво на Јован Близнаковски и Петар Тодоров, а со авторски поглавја на Ивана Хаџиевска, Дарко Леитнер-Стојанов, Петар Тодоров, Димитар Николовски, Јован Близнаковски, Јана Коцевска и Ана Мишковска Кајевска. Промоцијата ќе се одржи на 13 ноември (петок) со почеток во 13.00 часот на платформата Zoom и со стриминг на Фејсбук страницата на ЦИНИК. Подготовката и издавањето на книгата, како и промоцијата, се поддржани од Фондацијата „Хајнрих Бел“ канцеларија за Босна и Херцеговина, Албанија и Северна Македонија. Модератор на дискусијата е Миша Поповиќ.
Како што информираат организаторите, на промоцијата, збор ќе земат уредниците на книгата, Јован Близнаковски и Петар Тодоров, како и промотор(к)ите Ана Ацеска (Универзитет во Вагенинген, Холандија) и Горан Јанев (Универзитет „св. Кирил и Методиј“ во Скопје), по што следи сесија на прашања и одговори од публиката со учество на автор(к)ите на поглавјата во книгата.

Симболичките поделби, сфатени како идеи кои индивидуите и групите ги преземаат за да ја артикулираат блискоста и другоста со останатите индивидуи и групи, имаат особено долга традиција на истражување во општествените науки и хуманистиката. Книгата  „Ние наспроти другите: Симболички поделби во Северна Македонија“ се надоврзува на оваа традиција, но емпириски се фокусира на поделбите артикулирани од македонската етничка заедница во периодот од либерално-демократската трансформација на почетокот на 1990-ите до денес. Во книгата, седум автор(к)и покриваат различни тематски аспекти на симболичките поделби. Во воведното поглавје, Јован Близнаковски и Петар Тодоров ги сумираат наодите од засебните поглавја, нудејќи преглед на симболичките поделби идентификувани од автор(к)ите. Во своето поглавје, Ивана Хаџиевска се фокусира на културните и религиските линии на раздвојување на Македонците, додека Дарко Леитнер-Стојанов и Петар Тодоров ги разгледуваат историските наративи застапени во јавната сфера и во учебниците по историја за основното образование како дополнителен генератор на симболички поделби. Поглавјата на Димитар Николовски и Јован Близнаковски ги разгледуваат симболичките поделби во политиката, при што Николовски се фокусира на внатремакедонските симболички поделби, а Близнаковски на поделбите меѓу Македонците и Албанците. Во своето поглавје, Јана Коцевска го разгледува идеалот за македонското семејство и родовите односи како основа за поделби во современото македонско општество, додека книгата е заклучена со поглавјето на Ана Мишковска Кајевска која се фокусира на симболичките поделби артикулирани во време на кризата предизвикана од пандемијата на КОВИД-19.

Структуирана на овој начин, книгата е корисна не само за истражувачите од општествените науки и хуманистиката, туку и за специјалистите и експертите кои работат на горенаведените области и се фокусирани кон идеалот на подигнување на општествената кохезија во Република Северна Македонија. Истражувањата во книгата ја покажуваат важноста на симболичките аспекти на општествените поделби за постигнување на одржлив мир и благосостојба во современите општества. Се надеваме дека резултатите од истражувањата објавени во книгата ќе придонесат за подобро разбирање на нашето општество, како и на прашањата и проблемите кои е потребно да се адресираат со цел градење на кохезивно и демократско општество.

Линк за пристап до промоцијата.

Книгата е достапна без надомест во електронска и печатена форма. Електронската верзија може да ја најдете на веб-страницата на ЦИНИК.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Каранфилова – Пановска: Пораките на Кошта се јасни, одговорност на власта е да го деблокира европскиот пат

May 15, 2025

Дојава за бомба во салата „Јане Сандански”

May 15, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Преговори Украина – Русија утре во Истанбул, Зеленски ја напушти Турција

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk