Силен земјотрес во четири часот и 55 минути ги разбуди граѓаните на Скопје.
Земјотресот е почувствуван и во други градови од државата. Неофицијално, земјотресот е со јачина од 5,4 степени според рихтеровата скала, а епицентарот е во близина на Маврово.
Едитирано во 5:40 часот. Според најновите податоци добиени од „My Earthquake Alerts“, но сè уште неофицијални, земјотресот бил со јачина од 4,9 степени според рихтеровата скала, на длабочина од 8,5 километри, а епицентарот е во близина на Мавровско езеро.

J. Ѓ.







