ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Вистинско решение со Бугарија е можно само ако двете страни излезат како победници

November 11, 2020 17:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Вистинските политичари, коишто се сметаат себеси за европски политичари мора да му дадат шанса на процесот и да најдат начин да се согласат.  За тоа имаме и директна поддршка од канцеларката Меркел. Вчера, навистина имавме конструктивни разговори во пријателска атмосфера, разговаравме како соседи, кои имаат намера да ја обезбедат европската иднина на регионот и се надевам дека така и ќе продолжиме“, одговори премиерот Заев на новинарско прашање, дали во Софија било понудено да се потпише нов договор , со кој би се надминале отворените прашања, како што тврди бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов.
Премиерот Заев истакна дека искуството во преговорите со Грција го научиле дека, на Балканот, кога се работи за вакви прашања, вистинско решение мора да постои само ако двете страни од преговорите излезат како победници.  Односно кога едната внимава на другата страна и обратно.

Во овој момент, додаде Заев, сè уште не сме стигнале дотаму во разговорите со Бугарија, но пред нас постојат услови за тоа.

„Тоа значи дека ќе продолжиме да разговараме, но не мислам дека тој процес треба да се случува преку јавни препукувања. Се разбира, ние ќе информираме суштински и на време за овие важни прашања, но нема да правиме шоу од овој сериозен момент за нашата европска иднина. Удирањето во гради е можеби атрактивно за домашната јавност и во двете земји, но не ја зголемува шансата за решение, и ние нема да го правиме тоа, секако и во периодот којшто претстои.  Ние имаме свои јасни и прецизни позиции и ќе продолжиме да работиме со Бугарија во изнаоѓање на заедничко, победничко решение. Македонските идентитет и гордост сè и ќе останат големи како планина и без да мораме да правиме националистички спектакл од тоа“, подвлече претседателот на Владата, Заев.

Тој оцени дека е многу важно, како комшии и пријателски земји, заедно да чекориме на патот кон Европската Унија поддржувајќи се едни со други, бидејќи само така ќе донесеме напредок за сите наши граѓани, што е наша основна задача како политичари.

„Целта е, низ Договорот, преку двете комисии, а тоа е историската Комисија и Меѓувладината комисија да ги изнајдеме решенијата коишто секако ќе имаат дополнително појаснување, ангажман, посериозно имплементирање на обврските од Договорот, како што е Коридорот 8, позначајни економски проекти и слично, со конечна цел да имаме поуспешна реализација на договорот за пријателство. Очекуваме, овие денови да се интензивираат разговорите, за на крајот непосредно пред 17-ти, а тоа е вторник, да се обидеме да постигнеме решение“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Next Post

Попладневен преглед на вести: Профитери правеле лажни ковид тестови во Виница, вистинско решение е и Скопје и Софија да излезат како победници...

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk