Во редакцијата на ФРОНТЛАЈН пристигнаа фотографии од посетеноста на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, Обнова за Македонија. На фотографиите и по коментарите кои пристигнаа, може да се забележи дека заинтересираноста не е голема.
Николовски инаку е избран и за шеф на изборен штаб на СДСМ, за време на предвремените парлламентарни избори кои треба да се одржат на 12 април, следната година.
Николовски објави форографија на која се гледа посетеност на кампањата на СДСМ, на Прав пат, во Берово, наспроти посетенота на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно, на својот Фејсбук профил Сашко Петров, советник во општина Кавадарци напиша „Мицковски цело време преку своите мегафони се обидува да го деградира Митко. Ама ова е пораката од Митко до Мицко“. – Без мене во Кавадарци ќе освоите од 250 до 300 гласа. Можеби ти си претседател на ВМРО ДПМНЕ, ама јас сум градоначалник на општина Кавадарци.
Петров објави и фотографии од посетата на ВМРО-ДПМНЕ на Кавадарци.
Исто така, во медиумите беше објавено дека и посетеноста во Пробиштип била многу мала.