Нова трагедија го погоди кавадаречкото семејство Ѓерѓеви. Утрово на ковид одделот во кавадаречката болница почина дедото на двајцата браќа, 26-годишниот Марјан и пет години помладиот Горан, кои минатата недела ја загубија битката со коронавирусот, пренесе ТВ 24.
Од кавадаречката болница потврдија дека на ковид одделението починало лице со истото презиме и на истата адреса како и момчињата. Ова е четврти смртен случај во ова семејство во последниве пет години, кога во 2015-тата, на само 40 години починала мајката на момчињата, како последица од компликации со свински грип. Пет години подоцна, во десетина дена, како компликаии од ковид-19 починаа нејзините два сина и нивниот дедо.
Двајцата браќа имале апластична анемија, што е сериозно заболување, велат лекарите за ТВ 24.