Премиерот Заев денеска потврди дека Драги Рашковски не е повеќе генерален секретар на Владата. Тој нагласи дека Рашковски сам си поднесол оставка уште пред повеќе од еден месец и дека ќе ја извршува функцијата додека владата не назначи нов генерален секретар
„Пред месец и половина Драги Рашковски си поднесе оставка од функцијата генерален секретар. Тој ќе ја извршува функцијата додека не се постави нов. Ќе има нов генерален секретар на владата, се уште немаме донесено одлука кој ќе го замени Рашковски “, изјави премиерот Заев.