ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковид-19: Во Неапол ситуацијата вон контрола, инфузија на паркинг, пациенти умираат пред добиен тест

November 13, 2020 19:49
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо изјави дека корона-кризата во Неапол е „надвор од контрола“. Објавени се алармантни извештаи за состојбата во болниците, пациенти лекувани во нивни автомобили на паркинг, а едно видео особено ја шокираше јавноста, пренесува Хина.

Изјавата на министерот за надворешни работи следеше откако на социјалните мрежи се прошири видео од човек, кој беше пронајден мртов во тоалетот на болницата. Медиумите наведуваат дека мажот веројатно бил суспектен и оти чекал да се тестира кога починал.

Ди Мајо рече дека тоа е „само уште еден од последните шокантни инциденти за кои слушнал во последните денови“ што се случи во регионот Кампанија, од каде и тој потекнува.

„Ситуацијата во Неапол и во многу делови на Кампанија е надвор од контрола. (Италијанската) влада мора да интервенира, нема повеќе време”, оцени Ди Мајо во објава на Фејсбук.

Фоторепортерите од Неапол испраќаат фотографии на кои се гледа како граѓаните чекаат тестирање или прием во болницата во долги колони автомобили, агенциите наведуваат дека на многу луѓе им бил даван кислород во нивниот автомобил, бидејќи не можат сите да ги примат, па честопати треба да им се даде инфузија на паркингот.

Премиерот на Кампанија Франческо Бокија ги нарече ваквите сцени „срамни за сите одговорни“. Кампанија помина многу подобро од северна Италија за време на првиот бран пролетоска, во кој починаа десетици илјадници луѓе во Италија. Но, сега тоа се менува. Агенциите наведуваат дека регионот влегол во 2020 година со 146 кревети за интензивна нега, за да има само дополнителни осум кревети на крајот на октомври или 156, и покрај пандемијата.

Маурицио Капиело, лекар во Итната служба во болницата Кардарељи во Неапол, рече дека вирусот се шири експоненцијално: Ја преминавме критичната линија на тревога. Единствениот начин да се преземе контролата во Кампанија е тоталното „затворање“.

Next Post

Николовски: Поставуваме стручни директори, ја поправаме погрешната политика за вработувања

НАЈНОВО

Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот

Кос: За напредок во проширувањето потребна е трајна трансформација на економиите и општествата на земјите кандидатки за членство

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk