ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев – Лајен: Извештајот на ЕК потврди дека С.Македонија е подготвена за првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите со ЕУ

November 13, 2020 22:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев  телефонски разговараше со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Во разговорот, на кој присуствуваа и заменикот-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, премиерот Заев изрази благодарност за пакетот за проширување и за позитивниот извештај на Европската комисија за нашата земја со кои Брисел потврди дека Северна Македонија е подготвена за првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите со ЕУ.

Заев додаде дека оваа поддршка има дополнително значење бидејќи е придружена со Економскиот и инвестициски план за земјите од регионот за поддршка на процесот за остварување на европските стандарди на државите од Западен Балкан со аспирации за членство во ЕУ.

Премиерот Заев ја информираше претседателката на ЕК фон дер Лајен и за тековните разговори со Република Бугарија и ги презентираше позициите на Северна Македонија.

Во тој контекст премиерот Заев се заблагодари за личниот ангажман на претседателката на ЕК, како и на сите еврокомесари, особено нагласувајќи го ангажманот на овој план на германското претседателство со ЕУ и за посветеноста да се најде решение, кое ќе биде успех за Северна Македонија, за Република Бугарија, за ЕУ и за Западен Балкан.

Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен од своја страна истакна дека Брисел очекува позитивно решение како заеднички остварен резултат на сите страни за успешна интеграција на Северна Македонија во ЕУ.

Претседателката на ЕК уште додаде дека Северна Македонија е успешен и позитивен пример за Западен Балкан за остварените реформи, за постигнатите договори со Грција и Бугарија, и за лидерството во регионалната соработка.

Премиерот Заев информираше и за успешното организирање како заеднички домаќини на Лидерскиот самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес во Софија на кој беа донесени значајни одлуки и декларации од посебна корист за регионалната соработка и за економски развој на земјите од регионот согласно плановите и агендата на ЕУ.

Претседателот на Владата на Северна Македонија ја информираше претседателката на ЕК фон дер Лајен и за ситуацијата со КОВИД-19 во земјата и се заблагодари за поддршката на ЕУ во справувањето со пандемијата.

Next Post

Николовски: Нема селекција во борбата против корупцијата и криминалот, сите случаи и афери кои се појавуваат ги процесуираме

НАЈНОВО

Книжевна вечер со Фросина Пармаковска во „Спона“

November 5, 2025
Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

Слот за победата над Реал: Ова е нашиот најдобар натпревар сезонава

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk